Зелениот картон сè уште не поевтини
Владејачката партија СДСМ во предизборниот период го даде следното ветување, кое засега е неисполнето: „Ќе ја намалиме цената на зелениот картон.“ [Извор: СДСМ – План за живот во Македонија, стр.78 и стр.218 , датум, крај на 2016 г.]
Владејачката партија СДСМ во предизборниот период го даде следното ветување, кое засега е неисполнето:
Ќе ја намалиме цената на зелениот картон
[Извор: СДСМ – План за живот во Македонија, стр.78 и стр.218 , датум, крај на 2016 г.]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во кампањата за парламентарните избори во 2016 година во својата предизборна програма вети дека новата влада на СДСМ ќе ја намали цената на зелениот картон за осигурување на патничките и товарните моторни возила за патување во странство.
Во програмата „Живот за сите во Македонија“ ова е ветено на две места – во општиот дел под главата „Транспорт и врски“, точка „Г. Праведен транспортен систем“ на стр.78 и подолу во временски специфиранииот рок „План 180 – Итни реформски приоритети на новата влада“, под точката „Инвестиции“ на стр.218.
Ова ветување, меѓутоа, во Програмата на за работа на Владата на РМ 2017-2020 година е споменато, но е дадено без временски рок и е врзано на некој начин за товарниот транспорт:
Владата ќе развие транспарентен систем за праведна распределба на ЦЕМТ дозволите, и ќе даде подршка и сигурност на компаниите, нудејќи рамноправни услови за сите учесници. Потенцијалот за развој ќе се стимулира и преку намалување на цената на зелениот картон. (Инвестиции за одржлив раст/Инфраструктура, стр. 44)
По детална претрага на интернет, вклучувајќи ги и веб сајтовите на Владата и на Министерството за транспорт и врски, како и медиумските архиви, може да се констатира дека Владата на РМ засега не го исполнила ова предизборно ветување во првите 6 месеци, иако доминантен носител на извршната власт е СДСМ, а, исто така, се забележува и недоследност од предизборната програма каде што ветувањето е најавено како мерка на идната реформска влада и точката за исполнување на ова ветување е ставено во Програмата на Владата.
Инаку, оваа материја е регулирана во Законот за задолжително осигурување во сообраќајот и е под диреткна надлежност на Владата, на предлог на соодветна Комисија.
Поради погоре изложените факти, оценуваме дека ветувањето за намалување на цената на зелениот картон за сопствениците на возилата во РМ, е неисполнето.
ИЗВОРИ:
- СДСМ – План за живот во Македонија, стр.78 и стр.218 – [Проверено на 21.02.2018]
- Влада на РМ – Програмата на за работа на Владата на РМ 2017-2020 година– [Проверено на 21.02.2018]
- Министерство за финансии – Законот за задолжително осигурување во сообраќајот– [Проверено на 21.02.2018]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар