Горан Стојановски
Горан Стојановски e градоначалник на Oпштина Чашка
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Горан Стојановски е роден 14.07.1978 година во Велес, живее во с.Чашка. Оженет е и татко на три деца.
ОБРАЗОВАНИЕ:
Стојановски има завршено средно стручно образование – ветеринарен техничар.
Има поминато голем број на обуки, семнинари од областа на проектен менаџмент, тимска работа и комуникациски вештини.
КАРИЕРА
Во периодот од 2002 до 2006 година работи како координатор на проект за развој на деца и млади, финансиран од Светска Банка.
Од 2001 до 2007 година активен член на граѓанскиот сектор.
Во период од 2008 до 2017 година е дел од приватната компанија „Канела“ во Скопје.
На локалните избори одржани на 15 октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општина Чашка.
ИЗВОР:
Веб-страница на Општина Чашка: Градоначалник
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар