Зоран Ногачески

Зоран Ногачески e градоначалник на Oпштина Дебрца

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Зоран Ногачески е роден е на 08.02.1966 година,  живее во село Волино, Општина Дебрца. Оженет е со Татјана Ногаческа, со која ги има синовите Бојан и Стефан.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први”, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”- Скопје, во 1992 година.

 

КАРИЕРА

Професионалната кариера ја започнал во 1997 година, кога бил избран за секретар на Советот на поранешната општина Мешеишта, која функција ја извршува до 2005 година.

Од 2005-2017 година е вработен како државен службеник во општинската администрација на Oпштина Дебрца и тоа: од 2005-2011 година како комунален инспектор, од 2011-2013 како раководител на одделението за правни прашања и општи работи, од 2013-2017 година како раководител на одделението за инспекциски работи.

На локалните избори одржани на 15-ти октомври 2017 година,  Ногачески е избран за градоначалник на Општина Дебрца, освојувајќи мнозинство гласови во првиот изборен круг.

Зоран Ногачески од 2013-2017 година е претседател на општинската организација СДСМ Дебрца.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Дебрца: Градоначалник

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција