Изграден е потпорен ѕид во Турското Маало во Струмица
Ветување: Да изградиме потпорен ѕид во Турското Маало во должина од 25 м
[Извор: Изборна програма на Коста Јаневски за локалните избори 2017-2021 – „Живот во Струмица за сите“ (стр.41) , датум: октомври 2017]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на градоначалникот на Струмица Коста Јаневски дека во Турското Маало ќе биде изграден потпорен ѕид, дадено за локалните избори (октомври 2017 година), е исполнето. Проектот е дел од неговата предизборна програма насловена како: „Живот во Струмица за сите“ во делот „МЕСНИ ПРОЕКТИ“, (стр.41).
На 26 април 2018 година дел од медиумите информираа за посетата на градоначалникот Јаневски на Турското Маало и притоа меѓу направените градежни зафати во овој дел од Струмица, се споменува и потпорниот ѕид. Во веста е пренесена и изјава на Јаневски во која тој, меѓу другото, вели:
Во рамките на бетонските активности се изведоа двата крака на улицата „Братство“ со еден солиден потпорен ѕид помеѓу нив во должина од 80, 30 и 90 метри, тоа е една солидна инвестиција која што ќе го подобри квалитетот на животот на овие луѓе…
Информација и фотографии дека е изграден потпорниот ѕид во Турското Маало се објавени и на веб-страницата на Општина Струмица.
Дека е направен овој потпорен ѕид говори и и градоначалникот на Струмица, Јаневски во неодамнешното интервју за „Вистиномер“, објавено на 24.04.2018 година.
ИЗВОРИ:
- Извор:Изборна програма на Коста Јаневски за локалните избори 2017-2021 – „Живот во Струмица за сите“ (стр.47) [Пристапено: 10.05.2018]
- Грид.мк (26.04.2018): Градоначалникот Јаневски во посета на Турското маало [Пристапено: 10.05.2018]
- А1ОН (26.04.2018): Градоначалникот Јаневски во посета на Турското маало [Пристапено: 10.05.2018]
- Струмица денес (26.04.2018): Градоначалникот Јаневски меѓу жителите во Турското маало [Пристапено: 10.05.2018]
- Веб-страница на Општина Струмица (26.04.2018): Градоначалникот Јаневски меѓу жителите во Турското маало [Пристапено: 10.05.2018]
- Вистиномер (24.04.2018): (Видео) Јаневски: Во периодот пред нас ќе станат повидливи ветените проекти[Пристапено: 10.05.2018]
Оцени: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар