Општина Гази Баба подготвува проект за изградба на катна гаража во Маџари 2

Фото: Рашо, Википедија, 2010, преземено според Creative Commons 3.0 лиценца

Имајќи предвид дека Општината подготвува проект за изградба на катна гаража на улицата „Маџари“ во населбата Маџари 2 и дека рокот за исполнување на ова ветување даден во програмата на Георгиевски е 2018-2019 година, може да се каже дека ветувањето за изградба на катната гаража е во тек.

Фото: Рашо, Википедија, 2010, преземено според Creative Commons 3.0 лиценца

 

ВЕТУВАЊЕ: Изградба на катна гаража на улица „Маџари“; Целна група: Жителите на „Маџари 2“ и „Синѓелиќ“; Рок: 2018 – 2019 година

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за изградба на катна гаража на улицата „Маџари“ на градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски е во тек. Проектот беше дел од неговата предизборна програма за локалните избори 2017-2020, насловена како „Живот во Гази Баба! За сите!“ (стр.23).

Паркирањето на ул. „Маџари“, во населбата „Маџари 2“, посебно на почетокот на улицата, каде што на мал простор се сместени трговски центар, пазар, амбуланта, пошта, дуќани, претставува секојдневен проблем на жителите кои гравитираат во овој дел од населбата. Решавањето на проблемот со паркирањето подразбира изградба на паркиралиште во дворот на амбулантата, со изградба на катна гаража, каде што е веќе предвидена маркица. На почетокот на ул. „Маџари“ се сместени неколку јавни објекти и во овој дел од улицата гравитира бројно население во текот на денот и тоа, најчесто, со автомобили. Денес, паркирањето не е решено и затоа автомобилите се оставаат на улица, со што проширувањето на оваа улица е надвор од својата функција, се наведува во програмата на Георгиевски.

На веб страната на Општина Гази Баба не може да се најде информација во врска со изградбата на оваа катна гаража, а таква информација нема ниту на интернет пребарувачите. Поради тоа, „Вистиномер“ се обрати во Кабинетот на градоначалникот на Гази Баба од каде ни посочија дека во тек е изработка на проектот за катната гаража.

Даденото ветување во изборната програма за изградба на катна гаража на улица „Маџари“ е во фаза на реализирање. Изминатата година Општина Гази Баба целосно го изгради паркингот зад амбулантата во Ченто, како и сервисната улица која води до паркингот, при што се обезбедени нови 100 паркинг места. Општина Гази Баба започна и веќе во фаза на подготовка е проектот за изградба на монтажна катна гаража на овој паркинг. Исто така, започната е и постапка за изградба на нов паркинг спроти амбулантата, зад пазарот во Ченто на бивша локација од АД Караорман. Покрај оваа катна гаража, Општината веќе подготвува и проект за изградба на три монтажни катни гаражи во населбата Автокоманда, ни изјавија од Општина Гази Баба.

Имајќи предвид дека Општината подготвува проект за изградба на катна гаража на улицата „Маџари“ во населбата Маџари 2 и дека рокот за исполнување на ова ветување даден во програмата на Георгиевски е 2018-2019 година, може да се каже дека ветувањето за изградба на катната гаража е во тек.

 

ИЗВОРИ:

Предизборна програма за локалните избори 2017-2020 – „Живот во Гази Баба! За сите!“ (стр.23)

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција