Дебата на тема „Како во борбата против лажните вести?“ на ТВ24

Во петокот на 1 ноември 2019, уредникот на „Вистиномер“ и на „Критинк“ (едиција на македонски јазик), Владимир Петрески, учествуваше на ТВ дебата во рамките на дебатната емисија „Анализа 24“ со наслов „Како во борбата против лажните вести?“

Дебатата ја водеше уредникот во ТВ24, Мишко Иванов, а во неа учествуваа и Вики Ристевска, новинар и Дејан Георгиевски, претседател на Центарот за развој на медиуми.

Дебатата се обиде да се осврне на начините за борба против дезинформациите на повеќе нивоа – и во медиумите и нивната употреба од страна на политичарите, и на традиционалните медиуми, на порталите на социјалните мрежи, и во земјава, во регионот и пошироко на глобално ниво.

Соговорниците се согласија дека станува збор за комплекен феномен кој изискува мултидисциплинарен пристап преку работа на едукација на јавноста, подобрување на легислативата во земјава за да се намалат можностите за злоупотреба на слободата на изразување, додека на глобално ниво како особено важен чекор беше препознаена потребата од уредувањето на улогата и обврските на социјалните мрежи и големите интернет компании пошироко во однос на ширењето на дезинформациите.

Целата дебата можете дај а погледнете овде:

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција