Започна реконструкцијата на градскиот стадион во Кавадарци
Реконструкција на стадионот Тиквеш
[Извор: Нетпрес (Ветени проекти Митко Јанчев за локалните избори 2017 во Кавадарци, датум: октомври 2017]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за реконструкција на градскиот стадион, дадено во кампањата за локалните избори (октомври 2017 година), е во тек на реализација. Обновата на стадионот „Тиквеш“, Јанчев ја вети на прес-конференција во Кавадарци (01.10.2017) претставувајќи ги проектите од својата изборна програма, со која како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја бараше довербата за градоначалничката функција во Општината.
Почетокот на реконструкцијата на стадионот беше најавена на крајот на декември минатата година (2019), а стартуваше пред десетина дена (15.01.2020). Информација и фотографии за стартот на работите објави градоначалникот Јанчев на неговиот официјален профил на Фејсбук.
Започна реконструкцијата на градскиот стадион во Кавадарци. Според проектот најпрвин ќе биде целосно отстранета сегашната трева, а подлогата под неа ќе се подготви за поставување на нови бусени трева. Теренот ќе биде соодветно и дрениран со ефикасен систем за одводнување. Градскиот фудбалски стадион освен промената на сегашната подлога со нова трева, ќе добие и современо осветлување за одигрување на ноќни натпревари, напиша Јанчев на ФБ
Веста за почетокот на реконструкцијата на фудбалскиот терен, ја пренесоа и дел од медиумите. Инаку, според објавата на веб-страницата на Општина Кавадарци, сегашната трева на теренот била поставена летото 1968 година пред стартот на првенството во Втората сојузна фудбалска лига – група исток, каде ФК„Тиквеш“ за првпат се натпреварувал во сезоната 1968/1969 година.
ИЗВОРИ:
- Нетпрес ( 01.10.2017): Јанчев: Нудиме иновативни проекти и трајни решенија за клучните проблеми на кавадарчани [Пристапено на 28.01.2019]
- Точка ( 01.09.2017): Јанчев: На Кавадарци му треба лидер кој ќе знае домаќински да го води овој град [Пристапено на 28.01.2019]
- Канал 5 ( 15.01.2020) : Започна реконструкцијата на градскиот стадион и се санираат прокопите со рециклиран асфалт во Кавадарци [Пристапено на 28.01.2019]
- Вечер (15.01.2020): Кавадарци го реконструира стадионот, ќе има и ноќни натпревари под рефлектори [Пристапено на 28.01.2019]
- КТВ (15.01.2020): Започна реконструкцијата на градскиот стадион во Кавадарци [Пристапено на 28.01.2019]
- Фејсбук профил на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев (15.01.2020) [Пристапено на 28.01.2019]
- Веб-страница на Општина Кавадарци ( 19.12.2019): Градскиот стадион ќе добие нова трева на фудбалскиот терен [Пристапено на 28.01.2019]
- Гол.мк ( 20.12.2019) : „По 70 години Тиквеш ќе добие нов тревник по европски стандарди“ [Пристапено на 28.01.2019]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар