Спинувана пораката на Заев за Светскиот ден на медиумите

[Рецензија: Заев со „фала“ за професионалноста и на медиумите за кои најави истраги]

Текст полн со спинови, кои целосно ја извртуваат пораката на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, којашто ја упати на социјалните мрежи за Светскиот ден на слободата на медиумите.

Заев во објавата напиша само благодарност до медиумите за професионалноста и одговорноста и воопшто не споменува на кои медиуми мисли, не напиша име на ниту еден медиум, ниту новинар. Пораката е премногу општа за да се изведе извртен заклучок како во текстот што е предмет на оваа рецензија.

Линк до оригиналниот напис: Заев со „фала“ за професионалноста и на медиумите за кои најави истраги

Датум и време на објавување: 3.5.2020

Датум на рецензија: 5.5.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Но, некој своеволно си ја интерпретирал пораката и напишал текст со кој преку извртување на фактите се манипулира јавноста.

Тој им се обрати на сите медиуми во Македонија вклучително и на ТВ Алфа и порталите Лидер, Република, Курир и Нетпрес, кои претходно неговата партија и тој лично отворено ги нападна поради уредувачката политика.

Ова е комплетно искривување на тоа што Заев го напиша во својата објава на „Фејсбук“. Се поставува прашањето зошто во текстот пред нас се издвоени баш овие медиуми, кои многу често шират пропаганда, дезинформации и објавуваат манипулации и за лидерот на СДСМ и за самата партија и функционерите во власта?

Заев во пораката им се заблагодарува „на медиумите за професионалниот и одговорен пристап за време на кризата предизвикана од корона-вирусот“. Но, токму дел од медиумите што се набројани во текстот, засилено ширеа дезинформации и објавуваа сензационалистички написи за корона-вирусот. Написи што освен што не се вистинити, непотребно и неодговорно ширеа паника и страв кај јавноста.

Повеќе меѓународни и домашни набљудувачи како погрешна и антидемократска ја оценија политиката на Заев и СДСМ да ги нападнат критички настроените медиуми.

Ова е уште една манипулација и шпекулација. Прво не е наведено кои се тие меѓународни и домашни набљудувачи. Второ, да се напише дека некој рекол оти одредена политика е погрешна и антидемократска, а да не се наведе извор на информацијата, во најмала рака е неодговорно спрема читателите.

Доколку кој било изјавил официјално вакво нешто, нема никаква пречка да не се наведе тоа во текстот, со што тврдењето би добило тежина и кредибилност. Вака, виси во воздух и изгледа невистинито.

Целиот текст оддава впечаток дека намерно ги извртува фактите со цел да се наруши одреден кредибилитет. А, токму такво нешто не дозволуваат ниту етичките правила ниту Кодексот на новинари.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција