Лажна порака, наводно испратена од микробиологот Рака, се шири насекаде низ Косово

Граѓаните и понатаму стануваат плен на дезинформации и со ширење на една невистина, несвесно придонесуваат за создавање паника во јавноста. Дезинформацијата што многу кружеше низ разни профили и страници на Фејсбук на Косово е порака, која, наводно, ја испратил микробиологот Лул Рака. Пораката, кој, меѓу другото, вели дека ќе се случи голема катастрофа, како резултат на корона вирусот, е распространета на ФејсбукВиберИнстрграм и ВатсАпп, пренесува Порталб.мк.

Конечно, реагираше и самиот микробиолог Лул Рака, со изјава дека тој никогаш не го рекол тоа и дека во своите пораки никогаш не го спомнал зборот „катастрофа“, но дезинформацијата стана вирална. Ако пребарате на Фејсбук со зборовите „Др. Лул Рака со порака“, ќе излезат многу резултати од различни граѓани кои ја споделиле оваа дезинформација.

Граѓаните не треба да веруваат на секакви информации што читаата за да се заштитат едноставно треба да размислуваат и да судат според медиумската содржина на која се изложени, пред да веруваат и да ги споделат. Во ова време кога има премногу информации, многу е важно внимателно да се изберат изворите на информации, а најдобриот избор е кога се информираат само од сериозни медиуми и државни институции.

Meta.mk

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција