Во новата Влада нема министри без ресор

Фото: vlada.mk

Во кампањата за предвремените парламентарни избори кои се одржаа на на 15 јули оваа година (2020) СДСМ вети:

Укинување на кабинетите на сите 7 министри без ресор

[Извор: Фактор ; Датум: април 2020г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ова ветување на социјалдемократите, кое партискиот лидер, премиерот Зоран Заев, го даде на 9 јули на трибина во скопската општина Шуто Оризари, е исполнето.  Новата Влада на Република Северна Македонија која беше избрана на 30 август има 19 министри, односно седум помалку од претходниот владин кабинет кој броеше 26 членови. Во овој владин состав предводен од премиерот Заев нема министри без ресор.

По собраниската седница за избор на новата  Влада,  Заев во изјава за медиумите констатира дека:

Северна Македонија доби нова, мала, ефикасна и одговорна Влада, подготвена да работи и да сработи посветено, исклучиво согласно интересот на граѓаните и државата.

Членови на овој владин состав се:

      Зоран Заев – Претседател на Владата на Република Северна Македонија

  1. Артан Груби – прв Заменик на Претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците
  2. Љупчо Николовски – Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси
  3. Фатмир Битиќи – Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции
  4. Никола Димитров – Заменик на Претседателот за европски прашања
  5. Бујар Османи – министер за надворешни работи
  6. Радмила Шекеринска – министерка за одбрана
  7. Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
  8. Бојан Маричиќ – министер за правда
  9. Фатмир Бесими – министер за финансии
  10. Крешник Бектеши – министер за економија
  11. Арјанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
  12. Венко Филипче – министер за здравство
  13. Мила Царовска – министерка за образование и наука
  14. Јагода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика
  15. Горан Милевски – министер за локална самоуправа
  16. Ирена Стефоска – министерка за култура
  17. Благој Бочварски – министер за транспорт и врски
  18. Насер Нуредини – министер за животна средина и просторно планирање
  19. Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и администрација

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција