Улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4 доби нов асфалт

Фото:skopje.gov.mk

Реконструкција на улицата Никола Парапунов

 [Извор: Официјална веб-страница на Град Скопје; Датум: април 2020г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на  градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за реконструкција на улицата „Никола Парапунов“ е  исполнето. Ова ветување Шилегов го даде пред неколку месеци на прес-конференција, најавувајќи градежна офанзива на градските сообраќајници.

Реконструкцијата на оваа сообраќајница во населбата Карпош 4 во Скопје започна во среднината на септември и го опфати потегот од крстосницата со булевар „Илинден“ до крстосницата со булеварот „Партизански одреди“.

На стартот на работите градоначалникот Шилегов најави дека градежните активности на „Никола Парапунов“ ќе траат 30 дена, но реконструкцијата на улицата е завршена  на 2 октомври, десетина дена  пред предвидениот рок.

Фото:skopje.gov.mk

Од Град Скопје информираа дека во рамките на градежните работи направена е комплетна реконструкција на коловозот по целата должина на улицата од околу 580 метри,  како и замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници.

Информација и фотографии за завршувањето на реконструкцијата на оваа сообраќајница се објавени на  официјалната  веб-страница на Град Скопје  и во повеќе медиуми.

 

ИЗВОРИ:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција