Реконструирана е улицата „Востаничка“ во Црниче

Фото: skopje.gov.mk

Реконструкција на  улицата „Востаничка“

 [Извор: Официјална веб-страница на Град Скопје; Датум: април 2020г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пред неколку месеци на прес-конференција, најавувајќи градежна офанзива на градските сообраќајници, меѓу другото, вети  и реконструкција на улицата „Востаничка“  во  наслебата Црниче. Ова негово ветување е  исполнето, реконструцијата на споменатата сообраќајница во Општината Кисела Вода е завршена минатиот месец.

Градежните активности на улицата „Востаничка“  стартуваа на крајот на август и го опфатија  потегот од улицата „Црниче“ до улицата „Свети Наум Охридски“, во должина од 1.100 метри.

Фото: skopje.gov.mk

Во изминатиот период на оваа делница  се обновени коловозот и рабниците, а исто така, се реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките.

Од Град Скопје информираа дека се изработени и 76 нови приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување, со што е решен и еден горлив проблем што со години ги мачеше граѓаните од овој дел на градот.

Фото: skopje.gov.mk

Градските власти најавуваат дека на барање на граѓаните, на тротоарите на раскрсниците на улицата „Востаничка“ ќе бидат поставени столпчиња за да се зголеми прегледноста и безбедноста на раскрсниците, за сите учесници во сообраќајот.

Информација и фотографии за завршувањето на реконструкцијата на оваа сообраќајница се објавени на  официјалната  веб-страница на Град Скопје  и во повеќе во медиуми.

 

ИЗВОРИ:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција