Реконструирана е улицата „Востаничка“ во Црниче
Реконструкција на улицата „Востаничка“
[Извор: Официјална веб-страница на Град Скопје; Датум: април 2020г.]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пред неколку месеци на прес-конференција, најавувајќи градежна офанзива на градските сообраќајници, меѓу другото, вети и реконструкција на улицата „Востаничка“ во наслебата Црниче. Ова негово ветување е исполнето, реконструцијата на споменатата сообраќајница во Општината Кисела Вода е завршена минатиот месец.
Градежните активности на улицата „Востаничка“ стартуваа на крајот на август и го опфатија потегот од улицата „Црниче“ до улицата „Свети Наум Охридски“, во должина од 1.100 метри.
![](https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2020/11/vistanichka-1.png)
Во изминатиот период на оваа делница се обновени коловозот и рабниците, а исто така, се реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките.
Од Град Скопје информираа дека се изработени и 76 нови приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување, со што е решен и еден горлив проблем што со години ги мачеше граѓаните од овој дел на градот.
![](https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2020/11/vostanichka-2.png)
Градските власти најавуваат дека на барање на граѓаните, на тротоарите на раскрсниците на улицата „Востаничка“ ќе бидат поставени столпчиња за да се зголеми прегледноста и безбедноста на раскрсниците, за сите учесници во сообраќајот.
Информација и фотографии за завршувањето на реконструкцијата на оваа сообраќајница се објавени на официјалната веб-страница на Град Скопје и во повеќе во медиуми.
ИЗВОРИ:
- Официјална веб-страница на Град Скопје (29.04.2020): Шилегов ја најави градежната офанзива за ова лето [Проверено на: 12.11.2020]
- Макфакс (30.04.2020): (Видео) Шилегов најави градежна офанзива ова лето [Проверено на:12.11.2020]
- Грид.мк (30.04.2020): Град Скопје со нова офанзива за изградба и реконструкција на градските улици [Проверено на: 12.11.2020]
-
Официјална веб-страница на Град Скопје (18.10.2020): Улиците Лазар Личеноски и Востаничка од утре отворени за користење -Градот Скопје ги заврши реконструкциите во рекордно време [Проверено на: 12.11.2020]
- Официјална веб-страница на Град Скопје(06.11.2020): Реконструирана улицата Востаничка во Кисела Вода [Проверено на: 12.11.2020]
- Грид.мк (06.11.2020): Реконструирана улицата „Востаничка“ во Кисела Вода [Проверено на: 12.11.2020]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар