АНАЛИЗА: Бруто инвестициите во пад, без вложување нема економски раст

Фото: portalb.mk

Првиот квартал од годинава започна со раст на БДП од 2,1 oтсто, но со пад на бруто инвестициите за повеќе од 22 отсто, пишува Порталб.мк. Народната банка регистрираше раст на странските директни инвестиции, но се поставува прашањето, во што се состои основата на тој раст, нови гринфилд инвестиции или реинвестирана добивка?

Првиот квартал од годинава започна со раст на БДП од 2,1 oтсто, но со пад на бруто инвестициите за повеќе од 22 отсто, пишува Порталб.мк. Народната банка регистрираше раст на странските директни инвестиции, но се поставува прашањето, во што се состои основата на тој раст, нови гринфилд инвестиции или реинвестирана добивка?

 

 

Кога станува збор за странските директни инвестиции, забележан е прилив од Турција, Холандија, Косово, а одлив кон Британија, Италија, Грција, Бугарија. Во првите три месеци од годинава вкупните странски директни инвестиции во земјава изнесувале 126,5 милиони евра, а во споредба со лани истиот период, регистрирано е намалување за 10,4 милиони евра.

Странски директни инвестиции

  • Прв квартал 2023 – 126,5 милиони евра
  • Прв квартал 2022 – 136,4 милиони евра
  • Прв квартал 2021 – 35,5 милиони евра

Според економистите, многу е важно да се знае на што се должат овие бројки за состојбата на странските директни инвестиции, на директните вложувања во форма на нови инвестиции или, пак, на реинвестирана добивка која може да заврши и надвор од земјава, како одлив.

Странските директни инвестиции во првиот квартал се во пораст. Она што е важно е дали се работи за пораст кој е генериран од реинвестирана добивка или е резултат на нови вложувања. Реинвестираната добивка може, но и не мора да остане во земјава. Се работи за заработени средства, средства од добивка кои фирмата не ги распределила како дивиденда и тие теоретски можат да „лежат“ на банкарска сметка. А по одреден период да се одлеат надвор од државата, но дотогаш се евидентираат како дел од странска директна инвестиција, објаснува професорот-економист, Борче Треновски.

Странски директни инвестиции

  • Реинвестирана добивка                                                  107,2 милион евра
  • Зголемени инвестиции во соп.капитал                     44,7 милион евра
  • Одливи по меѓукомпаниски долг                                  25,5 милиони евра

Овие податоци покажуваат дека во првите месеци од годинава голем дел од странските директни инвестиции се „потпираат“ на реинвестирана добивка – колку ќе остане во или ќе се одлее надвор од земјава ќе покажат новите податоци. Во првиот квартал од годинава, највисок износ на странски инвестиции е регистриран од Турција 33,4 милион евра, од Холандија 26,3 милиони евра и од Унгарија 15,4 милиони евра.

Странски директни инвестиции (1 квартал 2023)

  • Турција – 33,42 милиони евра
  • Холандија – 26,31 милиони евра
  • Унгарија – 15,40 милиони евра
  • Косово – 12,72 милиони евра
  • Словенија – 10,53 милиони евра
  • Германија – 8,5 милиони евра

Извор: НБРСМ

Но, во првите три месеци има и позначителен одлив на инвестиции кон неколку земји кои важат за блиски и значајни инвестициски партнери на Македонија. Така, повисоки износи на одлив на странски директни инвестиции има кон Обединетото кралство, во износ од 64,4 милиони евра, Грција 13,3 милиони евра, кон Италија 9,5 милиони евра, Бугарија – 5,7 милиони евра. Ланската, 2022 година, заврши со салдо на нето директни инвестиции во износ од 670 милиони евра.

Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал од годинава, бруто инвестициите се во минус. Податоците за истиот период од годината покажаа раст на БДП за 2,1 отсто но пад од 23,3 отсто на бруто инвестициите кои ги опфаќаат и приватните и јавните инвестиции. Конкретно во првите три месеци се регистрирани 829 милиони евра бруто инвестиции, износ кој е значително помал во однос на првиот квартал лани. Голема е разликата и во однос на последниот квартал од 2022 година.

Бруто инвестиции

  • Прв квартал 2023 – 829.206.000 евра
  • Прв квартал 2022 – 1.031.000.000 евра
  • Четврт квартал 2022 – 1.416.000.000 евра

Извор: ДЗС

За годинава, Владата предвиде околу 800 милиони евра за јавни, државни инвестиции, што е историски највисок износ, двојно поголем во однос на лани. Но вообичаено на крајот од годината реализацијата не се остварува во целост, а првите кратења од оваа ставка се случуваат веќе со првиот ребаланс на буџетот.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција