АНАЛИЗА: Дел од капиталните инвестиции „под мраз“ – планираните над 600 милиони евра ќе останат само „желба“ ?

Се „ситни” првото економско полугодие, се црта ребаланс на буџетот. Според последните достапни податоци заклучно со 11 овој месец, реализацијата на капиталните расходи изнесува нешто над 17 отсто. Според најавите со ребaлансираниот буџет преку кратења на непродуктивни трошења ќе се обезбедат околу 100 милиони евра, пишува „Порталб.мк“

Се „ситни” првото економско полугодие, се црта ребаланс на буџетот. Според последните достапни податоци заклучно со 11 овој месец, реализацијата на капиталните расходи изнесува нешто над 17 отсто. Според најавите со ребaлансираниот буџет преку кратења на непродуктивни трошења ќе се обезбедат околу 100 милиони евра, пишува „Порталб.мк“

 

 

Но, сумата од најавени над 600 милиони евра капитални расходи со сегашниот буџет може да биде доведена во прашање – дел од проектите се во застој а дел од институциите во првиот квартал воопшто не прикажаа реализација. Вообичаено при прекројување на буџетската каса под „нож” одат токму и капиталните расходи.

 

Реализација на капитални расходи

Од ресорите, Министерството за одбрана иако раcполага со поголем буџет од над 80 милиони евра за капитални расходи, за три месеци реализирало само 7,7%, Министерството за надворешни работи има реализација од 9,5%, кај Министерството за финансии од планирани 8 милиони евра, реализацијата изнесува 12,6%, Министерството за економија од вкупно 13,4 милион евра за капитални расходи, потрошило само 0,06%, кај Министерството за труд и социјална политика кое со сегашниот буџет има 13,3 милиони евра – реализацијата изнесува само 6,4% а со потрошени само 6,9% е Министерството за образование кое за капитални инвестции има за трошење 35 милиони евра.

Министерството за здравство од вкупно 20,1 милион евра за капитални расходи, во првите три месеци потрошило само 9,3% додека од вкупен буџет за капитални расходи во износ од 15,5 милион евра, Министерството за внатрешни работи реализирало 16,3%. Најголем процент на реализација за три месеци, од 44,5%, има кај Министерството за политички систем.

Интересно е дека има институции кои располагаат со ниски суми за капитални расходи но за три месеци испорачеле висок процент на остварување, па така на пример Комисијата за заштита на конкуренцијата има на раполагање 8.000 евра, а реализирала скоро 92%, Секретаријат за законодваство од раположливите 6.400 евра реализирал 88,1% додека  Државниот просветен инспекторат од вкупно 4.300 евра, потрошил 67 отсто.

Со „0“ реализација се повеќе институции – па така на пример Претседател на Македонија за годинава има на раполагање 108.000 евра а во првиот квартал не е потрошен ниту денар, без реализација на капитални расходи се  и Државната комисија за спречување корупација која има за тршење 101.000 евра, без реализација се и Регулаторната комисија за домовување,  Агенцијата за управување со одземен имот не потрошила ниту денар од раположливите скоро 10 000 евра, Агенцијата за национална безбедност иако има на раполагање 4,5 милиони евра, за три месеци потрошило незначителни 0,04%, Инспекторат за употреба на јазици е со нула реализација, а во оваа група се и Царинската Управа со остварување од 0,83%, Управата за јавни приходи со реализација од 0,18%,  нула оставрување на капиталните расходи има и во Државниот инспектрат за животна срединаДржавниот инспекторат за транспортДржавниот комунален инспекторат, од вкупен буџет за капитални расходи во износ од 3,1 милион евра, Агенцијата за млади и спорт реализирала само 0,03%, без реализација или со минимално остварување на капиталните расходи се повеќе државни комисии и институции – Државен архивДржавен завод за статистикаБиро за судски вештачењаСовет на јавни обвинителниНароден правобранителАгенција за вработување.

Влада пак  која на раполагање има за трошење 27,5 милони евра во првите три месеци потрошила скоро 21 милион евра или 76%.

Кои министерства и институции со колку пари ќе располагаат за капитални расходи ќе се знае наскоро. Ланската година реализацијата на капиталните инвестиции изнесуваше 78,3%. Клучно ќе биде дали со ребалансот не само што ќе преживеат туку и финансиски ќе зајакнат инфраструктурните проекти но и оние од енергетиката – особено кај гасификацијата.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција