АНАЛИЗА: Колку пари се собрале од даноци во 2022 во Арачиново, Гостивар, Тетово, Чаир, Струга, Кичево и Дебар

Фото: portalb.mk

Сумирана е буџетската 2022 за општините – на приходната страна дел успеале да го надминат планот, но дел потфрлиле, особено кај даночните приходи. Лани кај голем дел од општините се забележува дека трансферите од власта, кои претставуваат најдоминантна ставка на приходната страна, се пониски во однос на планираните. Порталб.мк во две продолженија на Анализа ќе ги објави завршните сметки на приходната и на расходната страна  на општините кои се со поголеми годишни буџети

Сумирана е буџетската 2022 за општините – на приходната страна дел успеале да го надминат планот, но дел потфрлиле, особено кај даночните приходи. Лани кај голем дел од општините се забележува дека трансферите од власта, кои претставуваат најдоминантна ставка на приходната страна, се пониски во однос на планираните. Порталб.мк во две продолженија на Анализа ќе ги објави завршните сметки на приходната и на расходната страна  на општините кои се со поголеми годишни буџети

 

 

Приходна страна – колку пари од даноци и од трансфери се слеале во општинските каси?

Со вклучени дотации и трансфери, општина Арачаиново лани прикажала зголемени приходи во касата во однос на планот и тие изнесувале скоро 2,1 милиони евра. Новите податоци за целата 2022 година покажуваат дека сепак оваа општина не успеала да ги наплати сите планирани средства по основ на даноци. Од данок на имот, кој е еден од носечките за сите општини, се собрале 38.650 евра или 99 отсто во однос на планот, а позначајно потфрлување има кај данокот на доход од кој се собрале 16.300 евра или нешто повеќе од една третина во однос на планот. Од државата оваа општина добила речиси 2 милиони евра, што за разлика од другите општини каде има намалување на овие средства, за Арачиново има зголемување во однос на планот.

Скопската општина Чаир потфрлила во однос на планираните приходи кои во 2022 година изнесувале 13,7 милиони евра, што е за 1,3 милиони евра помалку во однос на планот. Од данокот на имот се наплатиле 1,3 милиони евра, што е пак за 11 отсто повеќе во однос на планот. Оваа општина лани од другите нивоа на власт добила скоро 8,8 милиони евра. Потфрлување има кај данокот на доход од кој се наплатиле 388.150 евра.

Општина Тетово лани не успеала да ги оствари сите планирани приходи – во касата се слеале вкупно 24,8 милиони евра, што преставува само 88 отсто од планираните. Општинската власт наплатила поголем износ од планираниот кај данокот на имот од кој се слеале скоро 2,7 милиони евра, што е за 30,3 отсто повеќе. Помалку средства во однос на планот има кај наплатата на такси и надоместоци, продажба на земјиште, други неданочни приходи. Трансферите од Владата биле во износ од 19,2 милиони евра.

Помалку приходи во однос на планот реализирала и општина Струга – финалните податоци покажуваат дека лани тие изнесувале 17 милиони евра – 92,2 отсто во однос на планираните. Од данок на имот биле наплатени 1,3 милиони евра, што претставува 96,8 отсто во однос на планот. Потфрлување има и кај приходите од наплата на такси и надоместоци и од други неданочни приходи. На сметката на оваа општина од власта биле трансферирани 11,5 милиони евра.

Вкупните приходи на општина Кичево лани изнесувале 13 милиони евра или 89,8 отсто реализација во однос на планот. Од данок на имот во општинската каса се слеале 920.500 евра, што претставува 5,2 отсто повеќе во однос на планот. Потфрлување има кај даноци на специфични услуги, такси и надоместоци и други неданочни приходи. Од централната власт трансферите изнесувале 9,9 милиони евра.

Општина Гостивар лани остварила приходи во износ од 18,3 милиони евра, или 96,2 отсто во однос на планираните. Од данок на имот се собрале 1,4 милиони евра или 5,2 отсто повеќе во однос на проекцијата. На приходната страна потфрлување во однос на планот има кај даноци на специфични услуги, такси и надоместоци, глоби и други неданочни приходи. Од нивоата на власт на сметката на Гостивар се слеале 13,8 милиони евра.

Вкупните приходи на општина Дебар лани изнесувале 5,3 милиони евра, што претставува реализација од 82,4 отсто во однос на проекцијата, што е позначајно потфрлување во однос на останатите анализирани општини. Од данок на имот се наплатиле 169.600 евра или 87,1 отсто од планираното. Големо потфрлување има кај приходите по основ на даноци на специфични услуги – реализација од само 41 процент, а значајно помалку се собрале пари и од такси и надоместоци, глоби и други неданочни приходи. Трансферите од власта биле во износ од 4 милиони евра.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција