АНАЛИЗА: Нова должничка листа – Тетово со повеќе од 14,3 милиони евра, а Гостивар со скоро 8 милиони евра долг!
Само за 3 месеци внатрешниот државен долг се зголеми за скоро 6,5 милиони евра. На крајот од третиот квартал од годинава доспеаните, а неплатени обврски на општините, јавните претпријатија, институциите во здравство, образование, култура, достигнаа 405.700.000 евра, пишува Порталб во својата анализа за должничката состојба во којашто се наоѓаат општините и јавните претпријатија под капа на локалните власти
Само за 3 месеци внатрешниот државен долг се зголеми за скоро 6,5 милиони евра. На крајот од третиот квартал од годинава доспеаните, а неплатени обврски на општините, јавните претпријатија, институциите во здравство, образование, култура, достигнаа 405.700.000 евра, пишува Порталб во својата анализа за должничката состојба во којашто се наоѓаат општините и јавните претпријатија под капа на локалните власти
Дел од општините за три месеци го зголемија долгот
Општина Тетово заклучно со септември пријавила доспеани, а неплатени обврски во износ од 14.340.000 евра, за три месеци долгот е зголемен за околу 240.000 евра. Оваа општина според висината на долгот котира на високото четврто место на новата должничка листа на Министерството за финансии. ЈКП Тетово пријавило доспеани, а неплатени сметки во износ од 5.400.000 евра. Долг од 378.000 евра пријавил и Државиот универзитет Тетово, но долгови имаат и основни средни училишта кои се во рамките на оваа општина.
Општина Гостивар крајот од третиот квартал го завршува со долг од 7.812.000 евра и оваа општина само за три месеци го зголемила долгот за повеќе од 300.000 евра. Гостивар е рaнгирана на деветто место според износот на обврските. Долгот на ЈК Комуналец-Гостивар изнесува 3.300.000 евра, ЈП за јавни паркиралишта има долг од 65.500 евра а Општата болница Тетово има неплатени обврски во износ од 282.200 евра. На должничката листа се наоѓаат и средни и основни училишта во оваа општина.
Доспеаните а неплатени долгови на општина Кичево изнесуваат 1.500.000 евра. На територијата на оваа општина се наоѓа една од најзадолжените здравствени установи – Општа болница Кичево е на шесто место на должничката листа со неплатени обврски во износ од 11.343.000 евра. ЈП Комуналец – Гостивар има неплатени сметки во износ од 1.200.000 евра, а долгови имаат и Здравствен дом Кичево, основни, средни училишта како и Правниот факултет во Кичево.
Општина Струга на крајот од септември имала долг во износ од 3.041.000 евра, а со долг од 3.038.000 евра е и ЈП Водовод и канализација Струга. Општа болница Струга пријавила доспеани, а неплатени обврски во износ од 2.450.000 евра како и струшкиот Завод за нефрологија со должнички износ од 1.344.000 евра. Уште едно јавно претпријатие од оваа општина има голем долг, ЈП Комунално Струга има неплатени сметки во износ од 731.000 евра. На територијата на оваа општина освен основни и средни училишта, долгови имаат и затворот Струга, Манифестацијата „Струшки вечери на поезијата – Струга“, Основен суд – Струга, Јавно обвинителство -Струга.
Општина Чаир на крајот од третиот квартал има долг од 1.064.000 евра. На територијата на оваа општина од здравствените установи највисок износ на долг од 511.000 евра има Болницата за гинекологија – Чаир, а долгови имаат десетина основни и средни училишта што се на територија на оваа скопска општина.
И општина Сарај со доспеани, а неплатени обврски во износ од 1.700.000 евра се наоѓа на новата должничка листа. На локално ниво долгови пријавиле и пет основни училишта како и средното училиште „Сарај“.
На должничката листа се наоѓаат и општина Арачиново со доспеани, а неплатени обврски во износ од 835.000 евра, општина Дебар со долг од 1.100.000 евра, општина Боговиње со 416.000 евра, а доспеани неплатени сметки во износ од 1.030.000 има и општина Липково.
Високо на листата должници се наоѓаат и други општини, па така во првите педесет најзадолжени се наоѓаат и општина Охрид со неплатени сметки во износ од 6,3 милиони евра, општина Делчево со износ од 3,1 милион евра, општина Прилеп има долг од 2 милиона евра и општина Врапчиште со должнички износ од 1,7 милиони евра.
„Порталб“ најавува втор дел од анализата во којашто ќе објави податоци за долговите на централно ниво – на здравството, на јавните претпријатија, на министерствата.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар