АНАЛИЗА: Општински буџети – најмногу пари за плати, најголеми приходи од државни трансфери !

Општините најмногу  се „потпираат“ на парите што им ги дава Владата по основ на дотации-трансфери, а најголем дел од општинските буџети ги трошат за плати, придонеси и надоместоци. Драматично високите сметки за струја ги „поматија“ општинските сметки – во најава е дека училиштата се пред енергетски колапс, ако се платат сметките за струја, ќе нема пари за плати, пишува „Порталб“

Општините најмногу  се „потпираат“ на парите што им ги дава Владата по основ на дотации-трансфери, а најголем дел од општинските буџети ги трошат за плати, придонеси и надоместоци. Драматично високите сметки за струја ги „поматија“ општинските сметки – во најава е дека училиштата се пред енергетски колапс, ако се платат сметките за струја, ќе нема пари за плати, пишува Порталб

 

 

Од кои извори се собраат пари и за што се трошат 

Општина Арачиново во првите шетст месеци од данок на имот имала прилив од 16.100 евра што претставува 41 отсто реализација во однос на планот, конкретно за целата 2022 година оваа  општина по овој основ планира приход од нецели 39.000 евра.  Државата на оваа општина во првата половина од годинава по сите основи трансферирала  859.000 евра. На расходната страна највисок износ е одлеан за основни плати 845.000 евра, а за комунални услуги потрошени се 103.000 евра. Во првата половина од годинава општина Арачиново потрошила 59.000 евра за возила.

Општина Боговиње од наплата на данок на имот за шест месеци собрала 124.500 евра  што е само 32 отсто во однос на планираните приходи по овој основ за цела година. Најголем удел во приходите и тука се државните трансфери по сите основи,  заедно со дотации и донации,  во износ од 1,7 милиони евра.  Од наплата на други специфични даноци во општинската каса се слеале 204.000 евра. На расходната страна оваа полошка општина највисок износ – 1 милион евра, потрошила  само за плати и уште 440.000 евра за придонеси и надоместоци. За плаќање на комуналните сметки за шест месеци се потрошени  повеќе од половина од парите за целата година, износ од 150.000 евра. За возила се потрошиле 6.700 евра.

Уште една општина од Полошкиот регион – Брвеница, во општинската каса највисок износ од 1.6 милиони евра се слеале од државни трансфери по различни основи  а од наплата на данок на имот оваа општина наплатила 84.000 евра што е 35 отсто реализација во однос на плант. Општинската власт за плати потрошила  638.000 евра за плати и уште 271.000 за придонеси и надоместоци. Во првата половина од годинава оваа општина за возила потрошила 77.200 евра а за комунални сметки 144.500 евра – што е повеќе од половина од сумата планирана за целата година.

Општина Гостивар во првата половина од годинава од државата по различни основи со вклучени дотации,  добила износ од  6,6 милиони евра,  а од данок на имот наплатила 563.000 евра, што е реализација од 42,5 отсто во однос на планот за целата година. Највисок износ од 4,2 милион евра е одлеан за плати и уште 1,7 милиони евра за придонеси и за надоместоци. Преку ставката „други градежни објекти“ се одлеале 431.000 евра и уште 376.000 евра за договорни услуги.

Општина Дебар по основ на трансфери и дотации за шест месеци добила на сметка 1,9 милион евра,  а од данок на имот наплатила  73.000 евра што претставува 38 отсто во однос на планираните приходи по овој основ за цела година. На расходната страна оваа општина за плати потрошила 1,3 милион евра и уште 520.000 евра за придонеси и надоместоци. За подмирување на комуналиите се платени 173.000 евра – помалку од половина од средствата планирани за сметки во текот на целата година. За возила потрошени се 2.600 евра.

Полошката општина Желино по основ на трансфери, донации и дотации за шест месеци добила и потрошила 1,7 милион евра, а втор по големина приход е остварен од наплата на даноци на специфични услуги – износ од 148.000 евра. Општината највисок износ од 1,1 милион евра потршила за плати и уште 434.000 евра за придонеси и надоместоци додека за договорни услуги во првата половина од годинава се платени 38.500 евра.

Општина Кичево во првата половина од годинава по основ на трансфери од сите ниво на власт добила 4,6 милион евра. Од наплата на данок имот се слеале 444.000 евра, а износ од 975.000 е обезбеден од наплата на даноци на специфични услуги. Оваа општина на западот од земјата највисок износ од 2,9 милион евра потрошила за плати и уште 1,2 милион евра за придонеси и надоместоци. Дополнително за патни и дневни расходи се потрошиле 162.500 евра, а за комунални сметки потрошена е повеќе од половина од сумата планирана за цела година – износ од скоро 550.000 евра. На расходната страна се и „договорните услуги“ во износ од 263.000 евра потрошени за шест месеци.

Порталб најави дека во нивната следна анализа ќе се скенираат податоците за општинските каси на Липково, Тетово , Сарај, Чаир и уште неколку други општини.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција