АНАЛИЗА: Отпис на камати – извршителите почнаа со пресметки, застарувањето на долговите направи хаос

Фото: Порталб.мк, Суад Бајрами

Извршителите ги започнаа пресметките за наплата на затезна камата според новите усвоени законски решенија – се стопира наплатата каде износот на каматата го достигнал главниот долг. Но, во канцелариите на извршителите голем број на граѓани бараат застарување на долговите – како што предвидуваат измените на Законот за облигациони односи. Во пракса – ова решение е тешко спроведливо. Во најава е иницијатива пред Уставен суд за ретроактивноста која се предвидува со усвоените законски измени, пишува Порталб.мк.

Извршителите ги започнаа пресметките за наплата на затезна камата според новите усвоени законски решенија – се стопира наплатата каде износот на каматата го достигнал главниот долг. Но, во канцелариите на извршителите голем број на граѓани бараат застарување на долговите – како што предвидуваат измените на Законот за облигациони односи. Во пракса – ова решение е тешко спроведливо. Во најава е иницијатива пред Уставен суд за ретроактивноста која се предвидува со усвоените законски изменипишува Порталб.мк.

 

 

Што значат новите законски решенија за должниците и за доверителите

 

Ако за долг од 1500 евра кој се провлекувал долг период,  се наплатила камата во ист износ, автоматски запира натмошното преметување на каматата и се преминува кон наплата на главниот долг. Според регулативата извршителите најпрво ја наплатуваат каматата па потоа главницата на долгот. Во предмети кои се водат долго време поради повеќе фактори како што се финансика неликвидност на должникот, должник кој должи по повеќе основи,  каматите достигнуваат износи блиски на главницата па и повисоки. Сега , долгот по основ на камата не смее да биде поголем од основниот долг,  објаснуваат од канцеларијата на еден скопски извршител.

Новите законски решенија стапија на сила, изврштелите добиле насоки индивидулано да ги почнат пресметките и анализита за запирање на наплата на затезна камата во предмети каде таа го достигнала износот на госновниот долг. Засега нема пресметка колку граѓани-должници ќе „куртулат“ од астрономските камати што досега им биле пресметувани и ги плаќале, но првичните анализи покажале дека од ваквото решение ефект ќе видат должниците по основ на неплатени комунални сметки кои се провлекувале со години.

Во однос на затезната камата состојбата е јасна, но хаос веќе има со решението за застарување на долговите, вели Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации и активисти за правата за граѓаните кога се работи за присилна наплата на долгови.

Има многу реакции од граѓани кои отишле на извршител за да регулираат застарување на долгови и не неправиле ништо. Во Законот за облигациони односи има член со кој се скратува времето за затарување и за ретроактивност но има други законски одредби кои се косат со ова и ивршителите не можат да постапат, значи направен е хаос. Размислувам да барам автентично толкување од пратениците за тоа колку во пракса е применлива ретроактивноста, односно дали воопшто може да се прогласи застарување на децениски долгови – вели Ристески.

И според извршителите кои ги консултиравме проблемтично ќе биде прашањето за периодот во кој ќе треба да се наплати вкупниот долг ( камата и основица) и ретроактивноста .

Има најави дека ќе се поднесе инцијатива пред Уставен суд за оценување на ретроактивноста која се предвидува со законското решение. Сега се утврди рок од 10 години во кој ќе треба да се наплати вкупниот долг, ова решение се однесува и за предмети кои се активни а кои доверители со години чекаат наплата на долг – која може да не ја дочекаат поради застарување а  рокот на застарување од 10 години се намали на 5 години. Во исто време други законски одредби не дозволуваат да се постапи по новоусвоените, објаснуваат извршителите.

Рокот од 10 години за наплата на долг може да создаде и меѓу-компаниски проблеми. Има компании  кои од дуриги фирми чекаат наплата со години, има и компании кои чекаат да наплата долг од граѓани, а не можат поради тоа што должникот должи по различни основи и се  чека ред за наплата. Сите овие ситуации кои се реални во пракса, според познавачите ќе отворат нови проблеми.

Новите законски измени веќе стапија на сила. Според Владата тие треба да го трегнат преголемиот каматен товар на граѓаните – должници, но и да се стави крај на предметите за долгови кои се активни долго време, во одредени случаи и со децении.

Новите законски одредби се проблематични и за општините и дел од Јавните претпријатија. Првите во улога на должници кои ќе бараат „отпис на долгови“ по основ на застарување, што ќе значи дека компании-доверители ќе останат со празни раце иако завршиле и испорачаале услуги на општиските власти. Дел од јавните претпријатија, особено комуналните,  може никогаш нема да ги наплатат побарувањата од од страна на должниците.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција