АНАЛИЗА: Речиси 1.000 угостители ставиле „клуч на врата“ во кризната 2020 година

Расте бројот на фирми кои ставиле клуч на врата и бројот на луѓе кои останале без работа. Податоците од Заводот за статистика покажуваат дека само за една година скоро 1.000 фирми од секторот „други услужни дејности“ одлучиле да го затворат бизнисот. Токму оваа дејност, според официјалните податоци апсорбира речиси 7% од вкупниот број на приватни фирми во земјава, пишува „Порталб.мк.“

Расте бројот на фирми кои ставиле клуч на врата и бројот на луѓе кои останале без работа. Податоците од Заводот за статистика покажуваат дека само за една година скоро 1.000 фирми од секторот „други услужни дејности“ одлучиле да го затворат бизнисот. Токму оваа дејност, според официјалните податоци апсорбира речиси 7% од вкупниот број на приватни фирми во земјава, пишува „Порталб.мк.“

 

Расте бројот на невработени поради економската криза 

Вкупно 250.308 лица се евидентирани како невработени – активни и пасивни баратели на работа. На крајот од вториот месец од годинава податоците од Агенцијата за вработување покажуваат натамошен тренд на раст на бројот на невработени. Конкретно 159.608 се регистрирани како активни баратели на работа и во однос на јануари има зголемување за речиси нови 1.000 регистрирани. Слична е состојбата и кај пасивните баратели на работа, во февруари регистрирани 90.700 со раст од 407 новоевидентирани.

                                Јануари   2021                       Февруари 2021                                     

Невработени – активни баратели            158.681                                       159.608

Невработени – пасивни баратели            90.293                                           90.700

Една од причините за зголемување на бројот на невработени е „мобилизацијата“ за евиденција поради законските обврски за примање на државни надместоци, но удел и натаму има економската криза. Така, на крајот од февруари бројот на отпушени лица поради ковид-19 кризата достигна 18.266 

 

За економско заздравување потребна е „вакцинација“ 

И официјалната статистика ги потврди црните предупредувања на угостителите. Само за една година 911 деловни субјекти, односно фирми од „други услужни дејности“ го затвориле бизнисот, а како клучен фактор е токму економската криза.

            2019 / 2020 

Вкупен број на деловни субјекти                             -3,8%

Други услужни дејности                                            -15,2%

Сектор снабдување со ел.енергија, гас                  -11,6%

Освен во угостителската дејност, и во сектоорт снабдување со електрична енергија, гас и климатизација е регистрано намалување на бројот на фирми за 26 на годишно ниво.  Според официјалната статистика лани имало 73.061 фирма, од нив скоро 7% биле од секторот други услужни дејности во кој работат повеќе од 15.000 луѓе.

Впрочем, најпогодените сектори и дејности апсорбираат и најголем број на вработени, како што се преработувачката индустрија, земјоделството, трговијата, транспортот. 

                                           Број на вработени по сектори 2020 г.

Земјоделство                                                            95.545

Трговија                                                                   116.970

Преработувачка индустрија                               158.135

Транспорт                                                                 43.348

Сумираните податоци покажуваат дека 2020 г. завршува со зголемна стапка на невработеност на 16,4%.  Сепак, според најавите на бизнис секторот годинава се очекува економско закрепнување.

Кога станува збор за согледувањата на економските субјекти за состојбата во економијата, резултатите од анкетните истражувања за периодот јануарифевруари 2021 година упатуваат на значително подобрување во однос на четвртиот квартал од 2020 година. Зголемениот оптимизам кај економските субјекти упатува на продолжување на постепеното економско закрепнување, коешто во најголема мера се должи на стабилизирањето на вториот бран од пандемијата во овој период и започнатата имунизација во земјата – нотираат од Народната банка.

Но, со оглед на одолговлекување на процесот на имунизација и до скоро блокираните законски решенија во Собранието кои се однесуваат на петтиот антикризен пакет на мерки, дел од економистите и бизнисмените предупредија дека економската криза во земјава може да се „развлече“ и прелее и во вториот економски квартал кој почнува за неколку денови.

Ваквата блокада носи и ризик спасувањето на работните места постигнато во 2020 година сега да биде изгубено, особено во секторите коишто се и понатаму критични: трговијата, транспортот, угостителството, забавата и рекреацијата, и личните услуги – посочуваат од институтот „Фајненс тинк“.

На 31 март заврши рокот за аплицирање за помошта од петтиот пакет на мерки, два клучни фактори кои ќе ја детерминираат економската активност на фирмите, а со тоа и „судбината“ на голем број на вработени во периодот што следува.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција