АНАЛИЗА: Сите досегашни премиери – банкари, бизнисмени, професори

Фото: portalb.mk

Професори, економисти, бизнисмени, правници, банкари – со различни образовни звања и од различни сектори беа „регрутирани“ досегашните премиери на државата. Од осамостојувањето до денес, на Илинденска бр. 2 во премиерскиот кабинет поминаа повеќе имиња – некои со двоен мандат, а на некои премиерскиот мандат се броеше во денови. Во очекување на гласањето на новата влада предводена од идниот премиер Димитар Ковачевски, „Порталб“ хронолошки ги профилира досегашните премиери

Професори, економисти, бизнисмени, правници, банкари – со различни образовни звања и од различни сектори беа „регрутирани“ досегашните премиери на државата. Од осамостојувањето до денес, на Илинденска бр. 2 во премиерскиот кабинет поминаа повеќе имиња – некои со двоен мандат, а на некои премиерскиот мандат се броеше во денови. Во очекување на гласањето на новата влада предводена од идниот премиер Димитар Ковачевски, „Порталб“ хронолошки ги профилира досегашните премиери

 

 

Според траењето на премиерските мандати предничи ВМРО-ДПМНЕ, со повеќе од 14 години, но од нив 9 години и 145 денови на чело на Владата беше само едно име – Никола Груевски. СДСМ има помалку години „власт“, но со поголем број на премиерски имиња, особено по изборите во 2002 година.

Прв премиер на првата експертска Влада на Македонија во периодот од 1991-1992 г. беше Никола Кљусев, кој застанува на чело како независен. По вокација економист – универзитетски професор. Во текот на неговиот мандат беше воведена македонската валута и се формираше Армијата.

На 4-ти септември 1992, откако СДСМ извојува победа на парламентарните избори, на чело на Владата застанува Бранко Црвенковски. Ова ќе биде прв премиерски мандат – но не и последен за Црвенковски. Во првиот мандат ја водеше Владата до крајот на ноември 1998 година – вкупно 6 години и речиси 3 месеци. Во овој период започнаа и се спроведоа најтешките процеси низ кои помина државата по осамостојувањето  – транзицијата и приватизацијата. Бранко Црвенковски станува премиер и по воената 2001 година – повторно се враќа на Илинденска на 1 ноември 2002 г. и таму останува 1 година и речиси седум месеци.

Во 1998 година голема победа за ВМРО-ДПМНЕ, на чело на владата застанува Љубчо Георгиевски и ќе ја предводи до 1 ноември 2002 година. Георгиевски мандатот го поминува во исклучително тензичен и тежок период – воениот конфликт во 2001 година, претходно бегалската криза на Косово која резултираше со бегалски егзодус на границата со Македонија. Во мандатот на Георгиевски, со меѓународна логистика и домашен консензус беше потпишан Охридскиот рамковен договор кој беше гарантор за стабилноста и мирот во државата. Герогиевски во 2006 година доби бугарско државјанство што предизвика реакции и контроверзии во јавноста.

Банкарот Хари Костов застанува на чело на Влада на 2 јуни 2004 година – како независен кандидат, но во време на владеење на СДСМ. Ја предводи Владата неполни 6 месеци, а на 15 ноември истата година поднесе оставка.

По изборите во 2002 година, СДСМ од своите редови делегира уште еден премиер – Владо Бучковски, универзитетски професор. Бучковски ја предводи Владата од 12 декември 2004 година до 26 август 2006 година или 1 година и 8 месеци. Во 2008 година беше осуден на 3,5 години затворска казна, таа не стана правосилна. Предметот „Тенковски делови“ кој почна во 2007 година, траеше со години, а во 2019 година застаре откако неколку пати се враќаше на повторно судење.

По изборната победа во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта во државата, на чело на Владата застанува Никола Грувески. Преку редовни и предвремени изборни циклуси Груевски ќе се одржи на власт 9 години и 5 месеци. Во дел од овој период економијата испорачува едни од подобрите резултати во однос на растот, инвестициите, но во исто време се случува и проектот „Скопје 2014“ кој ќе остави траен белег за државата, но и ќе биде пропратен со контроверзии и прашања на кои до денеска се чека одговор. Никола Грувески сега е во Унгарија каде доби политички азил по бегството од Македонија – откако доби казна затвор за еден од случаите на тогашното СЈО, а има обвиненија и за други предмети.

Социологот Емил Димитриев застанува на чело на техничка Влада на 18 јануари 2016 година – по оставката на Груевски а како дел договорот постигнат во Пржино. Димитриев како технички премиер ќе ја води Владата 1 година и 134 дена.

На 1 јуни 2017 година Зоран Заев го започна првиот премиерски мандат откако претходно го започна процесот на објавување на незаконски прислушувани разговори кои ќе ја урнат Владата на Груевски. Првиот мандат на Заев траеше 2 години и 7 месеци – до предвремени парламентарни избори. На 3 јануари 2020 година на чело на техничката Влада застанува Оливер Спасовски кој ќе предводи 241 ден сè додека повторно по изборите не се врати Зоран Заев – со вториот мандат кој му траеше 1 година и 4 месеци. Зоран Заев поднесе оставка по локалните избори што се одржаа лани.

До средината на јануари годинава се очекува новата Влада предводена од Димитар Ковачевски да ја преземе функцијата. Според најавите од претседателот на Собранието Талат Џафери, гласањето треба да се случи најдоцна до 17 јануари.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција