АНАЛИЗА: Вработени во администрација – „етничкиот клуч“ отвора различни врати
Најголем број на вработени на ниво на министерствата има во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и во Министерството за земјоделство, а најмал број на вработени има Министерството за локална самоуправа. Во Собранието се вработени 257 лица, но во оваа бројка не се и пратениците. Податоците од новиот Извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2020 година покажуваат намалување на бројот на буџетари-административци. „Порталб.мк“ во две последователни продолженија детално ги обработува податоците за вработените по повеќе критериуми.
Најголем број на вработени на ниво на министерствата има во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и во Министерството за земјоделство, а најмал број на вработени има Министерството за локална самоуправа. Во Собранието се вработени 257 лица, но во оваа бројка не се и пратениците. Податоците од новиот Извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2020 година покажуваат намалување на бројот на буџетари-административци. „Порталб.мк“ во две последователни продолженија детално ги обработува податоците за вработените по повеќе критериуми.
Во Уставниот суд – просечна возраст 53 години, Владиниот секретаријат „најподмладен“
Вкупниот број на вработени во јавниот сектор во 2020 година изнесувал 131.183, од нив 19.594 се вработени во безбедносните структури, во Армијата, полицијата, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и во Финансиската полиција.
Точно 1.102 вработени во јавниот сектор имаат над 64 години, напроти нив на возраст од 18 до 25 години се 2.112 административци. Просечната возраст на вработените во јавниот сектор е 46 години, но најбројни се оние од 46 до 55 години.
Возрасни групи – вработени во јавен сектор
- Од 18 до 25 години 2.112
- Од 26 до 35 години 19.603
- Од 36 до 45 години 30.947
- Од 46 до 55 години 32.231
- Од 56 до 64 години 25.594
- Над 64 години 1.102
Анализата покажува дека најголема просечна возраст од скоро 53 години има кај Уставниот суд, додека пак, најмала просечна возраст од 38 години има кај Секретаријатите на Влада. Во министерставата просечната возраст на вработените е 43 години, во Јавните претпријатија скоро 49 години, а во општините нешто повеќе од 45 години. Лицата со над 64-годишна возраст се најзастапени во Судски совет, Уставен суд, во регулаторните тела, во Органи во состав на Министерства, кај Народниот правобранител. На ниво на цел јавен сектор најголемо учество имаат возрасните групи од 36 до 45 години и од 46 до 55 години.
Во дел од институциите – нема вработени етнички Роми, Турци, Срби
Во 2020 година, според етничката припадност регистриран е зголемен број на вработени од речиси сите етнички групи, додека благо намалување во однос на 2019 година има кај вработените од ромската етничка заедница.
Конкретно, лани 80.891 од вработените биле Македонци, 23.269 се Албанци, 2.436 се етнички Турци, 1.567 се Роми, 1.567 се Срби.
Етничка припадност % на вработени
- Македонска 72,49%
- Албанска 20,85%
- Турска 2,18%
- Ромска 1,40%
- Српска 1,16%
- Бошњачка 0,51%
- Влашка 0,49%
- Друга 0,91%
Ако се навлезе во деталите за тоа кои етнички заедници во кои институции се најзастапени, податоците покажуваат дека етничките Албанци се најзастапени кај Народниот правобранител со 36,4 отсто, во Министерствата со 36,1 отсто и Секратаријатот на Владата со 29,1 отсто, додека најмалку застапени се Уставен суд со 0 проценти.
Етничка застапеност Македонци Албанци
- Аген.за заштита на личните податоци 65,0% 30,0%
- Државна изборна комисија 62,6% 30,3%
- Ком. за заштита на конкуренцијата 66,7% 29,2%
- Секретаријат за европски прашања 58,1% 30,2%
- Министерство за економија 49,1% 50,0%
- Министерство за животна средина 61,3% 33,3%
- Министерство за здравство 67,3% 30,1%
- Министерство за локална самоуправа 44,2% 46,1%
- Министерство за политички систем 1,2% 85,6%
Припадниците на ромската етничка заедница се најзастапени во Министерство за политички систем со 4,4 проценти, во Министерство за правда со 2,2 проценти, во Министерство за труд и социјална политика со 2,8 проценти, додека Турците се најзастапени во Министерство за политички систем со 6,9 отсто и во Министерството за економија со скоро 4 отсто.
Различен распоред на силите по „етнички клуч“ има и во Агенциите, така, етнички Албанци се скоро 44 отсто од вработените во Агенција за задолжителни нафтени резерви, во Државен завод за индустриска сопственост и во Агенција за управување со одземен имот се застапени со скоро 41 процент, а во Државно правобранителство со 28 проценти. Етничките Роми, Турци и Срби, пак, воопшто ги нема во повеќе агенции како Агенцијата за иселеништво, Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи, Агенција за поддршка на претприемништвото, Агенција за странски инвестиции, Агенција за филм, Инспекциски совет…
Со цел да се добие комплетна слика за вработените во јавниот сектор од различни аспекти, во следната aнализа на „Порталб.мк“ ќе се анализира образовната структура на вработените во администрацијата – клучна за квалитетот и ефикасноста во работата како, етничката структура на вработените на локално ниво и бројот на вработени во министерствата
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар