АНАЛИЗА: За само три месеци „внатрешниот долг“ зголемен за 82 милиони евра
Општинските јавни претпријатија, државните фирми и ЈП, здравството, за три месеци ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски. На крајот на март внатрешниот долг се приближи до половина милијарда евра, пишува Порталб.мк. И натаму највисоките должнички суми се по основ на градежни работи, комуналии, материјали и ситен инвентар
Општинските јавни претпријатија, државните фирми и ЈП, здравството, за три месеци ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски. На крајот на март внатрешниот долг се приближи до половина милијарда евра, пишува Порталб.мк. И натаму највисоките должнички суми се по основ на градежни работи, комуналии, материјали и ситен инвентар
Долгот на државните ЈП и фирми е зголемен за повеќе од двојно
Вкупниот внатрешен долг на крајот на првиот квартал од годинава достигна дури 490.740.000 евра, што е за 82.000.000 евра повеќе во однос на состојбата на крајот од декември. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека за само три месеци доспеаните, а неплатени обврски ги зголемиле Јавните претпријатија и државните фирми, општинските Јавни претпријатија, јавните здравствени установи, министерствата, агенциите.
Конкретно доспеаните, а неплатени обврски на ЈП на централно ниво и државните АД и фирми на крајот од март достигнале износ од 235,4 милиони евра, што е за дури 69 милиони евра повеќе во однос на состојбата на крајот од 2023 година. Општинските ЈП во првиот квартал од годинава пријавиле доспеан долг во износ од 76,7 милион евра или 700 000 евра повеќе во однос на последниот квартал од лани.
Доспеани а неплатени обврски
Март 2024 Декември 2023
Државни ЈП и државни фирми 235.410.000 евра 167.500.000 евра
Општински ЈП 76.752.000 евра 76.073.500 евра
Јавни здравствени установи 73.075.000 евра 61.300.000 евра
Буџетски корисници -прва линија 12.614.300 евра 12.353. 000 евра
Извор: МФ
Јавните здравствени установи, болници, клиники, во првите три месеци од оваа година имале вкупен доспеан а неплатен долг во износ од 73 милиони евра, што е за 11.7 милиони евра повеќе во однос на состојбата со долгот на крајот од 2023 година. Буџетските корисници од прва линија во кои спаѓаат и министерствата, на крајот од март пријавиле доспеани а неплатени обврски во износ од 12,6 милиони евра, што е за 261.000 евра повеќе во однос на состојбата во последниот квартал од 2023 година.
Милионски долгови за комуналии, договорни услуги, трансфери
Споредбената анализа на „Порталб“ покажува дека има драматичен раст на доспеаните, а неплатени обврски по основ на „други градежни работи“, односно во март долгот достигнал скоро 55,3 милиони евра, што е за 26,2 милиони евра зголемување за само три месеци.
Досепани а неплатени обврски (март 2024)
Други градежни работи 55.271.000 евра
Комунални услуги 119.500.000 евра
Материјали и ситен инвентар 65.808.000 евра
Договорни услуги 49.300.000 евра
Трансфери до невладини орган. 458.000 евра
Субвенции за ЈП 62.000 евра
Извор: МФ
На крајот од третиот квартал во однос на состојбата на крајот на декември лани доспеаните, а неплатени обврски се зголемени по повеќе основи: за комунални услуги, греење, транспорт обврските достигнаа 119,5 милиони евра, за материјали и ситен инвентар 65,8 милиони евра, за договорни услуги долговите достигнаа 49,3 милиони евра. Значајно се зголемени и долговите по основ на „субвенции за јавните претпријатија“, кои на крајот од март достигнаа износ од 62.000 евра додека износот, што се должи по основ на „трансфери до невладини организации“ се приближи до 500.000 евра. На новата должничка листа во „првите десет“ влегоа и ЈП за државни патишта со пријавени доспеани а неплатени обврски во износ од 20,2 милиони евра, ЕСМ снабдување со долг од 11,8 милиони евра и АД Елем со должнички износ од 15,5 милиони евра.
Новите податоци за внатрешниот долг покажуваат дека сите општини заедно го намалиле долгот но, поединечно, дел од општините само за три месеци пријавиле значајно зголемени неплатени обврски за што „Порталб“ најавува дека ќе објави податоци во следната анализа.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар