Анкета на ИРИ: „Подгрејување на стара супа“

Фото: Принтскрин

 

Викендов до медиумите стигна допис од ИРИ кој начелно се посочува на вербата на жителите на Источна Европа кон запаните асоцијации. Но, таа анкета е изведена прд 4 месеци и во неа има многу политички прашања врзани за рејтингот на политички партии, лидери и политички институции. Дури тие во срдината на март веќе се коментирани, правени се интрвјуа и слично, а денес веројатно како оние енергетски напитоци некому „треба да му дадат крилја“

 

 

Пишува: Љубомир Костовски

 

Деновиве некои мои колеги, главно пензионери се потсетија на етимологијата на насловот „весници“. Разбирливо тоа име е поврзано со терминот „вести“, а „весникарниците“ се посетувани од купувачите за да се купи нешто што е ново и кое може да се најде во некое, обично хартиено издание. Ова секако важи и за она што технологијата го донесе  во меѓувреме (радио, телевизија, Интернет), освен ако не се работи за рубрики во кои се рециклираат настани од минатото од типот „деновиве пред години “ или слично. Зошто ваков вовед? Кој беше поводот за потсетување на нешто што влегува во основите на новинарството?

 

ВО ЕДНО ПОЛАДНЕ БЕЗ МНОГУ ВЕСТИ

На 5 јуни околу пладне голем број на информативни агенции и медиуми добија соопштение за извршена анкета од страна на Меѓународниот републикански институт (IRI). Секако, за дежурните уредници во едно попладне во време на полициски час и без многу настани овој материјал е вистински подарок!  Анкетата е инаку направена во текот на февруари годинава (2020), презентирана низ разни форми во земјава низ медиумите кон средината на март (вести, коментари, интервјуа) а сега дадена одново и тоа комплетно истата на медиумите?! Имаше и такви меѓу добитниците на анкетата кои без да сакаат, или пак, со умисла обновија некои од сознанијата во истата, а имаше и јасно профитерство во фактот дека на виделина излегоа и ставовите на јавноста по прашањето, дадено во февруари, за тоа за кого испитаниците би гласале ако во тој миг има избори.

Да се потсетиме дека според оваа анкета од пред три и пол месеци разликата меѓу СДСМ и гланиот политички ривал ВМРО ДПМНЕ на пример беше еден отсто и имаше други сознанија што трката за парламентарните столчиња ја правеа неизвесна. Јасно е дека состојбите, пред сè и заради присуството на корона вирусот драматично се променети во последние три месеци, особено заради фактот дека една од партиите оттогаш има прилично надолен пад на рејтингот, па за неа овој „времеплов“ има навистина некаква смисла.

Но, да појдеме од тоа дали анкетата од угледна аналитичка куќа е објавена и во кој обем?

 

НЕКОИ МЕДИУМИ САМО ЗА НОВИТЕ УКАЖУВАЊА, НЕКОИ СЕ ФАТИЈА ЗА СТАРИТЕ ФАКТИ

Еден дел од медиумите се задржа на пропратното писмо на шефот на ИРИ, Пол Мекарти кој говори за информативниот двобој меѓу Запдот и Истокот, со проценка дека та е виситнската новост во овој материјал.

Може да се рече дека мејнстрим медиумите реагира на оваа пратка и тоа не задржувајќи се на општите места на пратката туку на она што се однесува на Северна Македонија. На пример, Македонската телевизија на вестите попладне не побегна од тоа да нагласи дека „разликата меѓу Заев и Мицковски е само еден поен“. Во прилогот  кој го презентира редакцијата се вели дека „и покрај пандемијата јавноста заслужува точни информации“, со што се сугерира „свежина на изнесеното“, главно неповолни оценки за тековните состојби во земјата, кога внатрешната политика е во прашање, при што посебно се става акцент на фактот дека Заев ужива доверба кај осум отсто од испитаниците, а Мицковски кај седум проценти, Никола Груевски кај 2 отсто и т.н. Дури на крајот на извештајот се кажува времето на вршењето на испитувањето – тоа не само што е пред пандемијата туку и пред промените што секако се случиле во меѓувреме!

Телевизијата „Сител“, која во оваа анкета е прогласена за најгледана во земјава дава многу детали околу извештакјот по многу прашања, кои се неповолни за позицијата , па одговорот на прашањето „за кого би гласале ако би имало избори во недела“, каде СДСМ води пред ВМРО ДПМНЕ со еден отсто, доаѓа како „логичен“. Опширноста на извештајот презентиран на „Сител“ секако ја подржува сериозноста на иворот а скромно, на крајот, гледаме дека анкетата е направена меѓу 30 јануари и 10 февруари годинава, што ја продолжува временската разлика меѓу неа и актуелниот миг на 4 месеци! Кој тоа ќе го слушне или види во пезентацијата, која е долга, добро, кој не, зависно од политичкото расположение ќе рече – не е толку лошо!

Веста на порталот „мкд.мк“ под наслов: „Расте рејтингот на ВМРО ДПМНЕ а паѓа на СДСМ“ од 6 јуни не можевме да ја најдеме еден ден потоа! Била избришана …

 

ВО МАРТ ИМАЛО ДУРИ И ИНТЕРВЈУ СО НАРАЧАТЕЛИТЕ

Телевизија „Телма“ објави во попладневните вести прилог потпишан од свој новинар со наслов: „Анкета на ИРИ: Државата се движи во погрешна насока, младите немаат иднина“. Тука стои дека „анкетата е објавена денес“, но и дека била изведена во фвруари се до 4 март (!). Во освртот ставен е акцентот врз довербата на јавноста кон одредени инстиуции, а ги нема оние изборни индикатори, што укажува на некоја внимателност.

Но, од каде она – објавена денес? Кога што всушност е реобјавување.

Еве, на пример, емисијата „360 степени“ која оди на ТВ Алст-М објвува прилог од свој новинар на 17 март за истата оваа анкета, со истите податоци! Таму се кажува, меѓу другото, дека постои:

Мала предност на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев има подобар личен рејтинг од Христијан Мицкоски, граѓаните очекуваат од партиите повеќе да зборуваат за економскиот развој за сметка на ЕУ-интеграцијата, која сепак сè уште ужива висока поддршка… Ова се дел од наодите во анкетата на ИРИ – Меѓународниот републикански институт од САД, спроведена од БРИМА (!), теренски со методот лице в лице, на 1 222 испитаници во периодот од 30 јануари до 10 февруари оваа година

Се е јасно, нели.

Дури, во таа емисија од пред речиси три месеци (си била навремена, кога е прилогот објавен) имаме и интервју со Илина Мангова, заменик директор на ИРИ за Македонија. Таа ги толкува бројките на јавноста во однос на нашето членство ЕУ. Но, се коментираат и состојбите во внатрешната политика, потенцијалниот излез на изборите и слично, значи многу елементи кои денес сосема веројатно стојат поинаку. Но, факт е дека се било изјавено во март кога елементите од одговорите при  анкетата биле познати и како такви признати од нарачателот.

Може да се најде и прилог на Алфа телевизијата од средината на март под наслов: „Анкети на ИПИС и ИРИ : ВМРО со стабилн предност, паѓа поддршката на СДСМ“. Да не нвлегуваме во прилогот, јасно е дака клучните сознанија на таа анкета биле познати  во март и дека биле користени во медиумите.

 

ШТО МОЖЕ ДА СЕ ЗАКЛУЧИ?

Неодминливи се сознанијата дека:

– анкетата е водена од крајот на јануари до 10 феврури, што укажжува дека се тоа доста далечни времиња од моментот кога тие се објавуваат:

– всушност, истите резултати не се објавуваат туку се работи за реобјавување, бидејќи, медиумите веќе во средината на март ги користеле податоците на различни начини, па дури и низ интервјуа со оние кои ја нарачале анкетата!

– видливо е дека тоа реобјавување е преземено на многу медиуми уште истото попладне, што укажува дека постојат елементи на создавање на кампања, а таквата ситуација често значи поддршка на нешто или некого, со што ветвите вести требало да бидат искористени без оглед на „подгрејувањето“;

Факт е дека одложените избори веројатно треба бидат одржани за еден месец, а голем дел од податоците во бајатото истражување некому треба, како во онаа реклама за енергетски пијалоци „да му дадат крилја“!

Бидејќи во меѓувреме се случи и појавата на пандемијата која силно влијае на сите поединци и групи и тоа на драматичен начин во однос на нивните ставови по многу важни прашања од општествениот живот, па тоа целосно го девалвира реобјавувањето на анкетата.

Нема сомнение дека во земјата која заедно со Филипините е спомената како произведувач на лажни вести, се добредојдени и оние сознанија кои се далеку од свежи ама корисни и барем имаат покритие во едно звучно име како институција за испитување на јавното мислење.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција