Блерим Беџети
Блерим Беџети е градоначалник на Општина Сарај
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Блерим Беџети е роден на 16 октомври 1976 година во село Глумово, Скопско.
ОБРАЗОВАНИЕ
Беџети дипломирал на Правниот факултет на Приштинскиот универзитет.
КАРИЕРА
Помеѓу 2002 и 2005 година работел во Министерството за правда на Република Македонија.
Од 2006 до 2009 година бил пратеник во Собранието на РМ. Во периодот 2006-2008 година бил член на Законодавно-правната комисија и Комисијата за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање. Од 2008 до 2009 година бил претседател на Комисијата за локална самоуправа.
Од 2009 до 2011 година бил градоначалник на Општина Сарај, а во периодот од 28 јули 2011 до 19 јуни 2014 година бил министер за правда.
На локалните избори во октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општина Сарај.
ИЗВОРИ:
Википедија: Блерим Беџети
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар