Доенчињата не се под зголемен ризик од болест и доцнење во развојот заради поливалeнтните вакцини

Фото: Photo by Iván Díaz on Unsplash

Објава на Фејсбук шири невистина за несаканите ефекти од редовните детски вакцини. Според прирачникот на Светската здравствена организација (СЗО), и според македонските здравствени власти, несаканите ефекти од поливалентните вакцини се ограничени само на алергиска реакција, црвенило на местото на инјектирање, а во најлош случај има силна алергиска реакција. Меѓународни институции, како и домашните здравствени власти постојано ја следат безбедноста на вакцините, несаканите ефекти  и тие транспарентно се објавуваат и се ажурираат 

Објава на Фејсбук шири невистина за несаканите ефекти од редовните детски вакцини. Според прирачникот на Светската здравствена организација (СЗО) и според македонските здравствени власти несаканите ефекти од поливалентните вакцини се ограничени само на алергиска реакција, црвенило на местото на инјектирање, а во најлош случај има силна алергиска реакција. Меѓународни институции, како и домашните здравствени власти постојано ја следат безбедноста на вакцините, несаканите ефекти  и тие транспарентно се објавуваат и се ажурираат 

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: 

ДОЕНЧИЊАТА КОИ ПРИМААТ ПОЛИВАЛЕТНИ ВАКЦИНИ – ПОГОЛЕМ РИЗИК ОД БОЛЕСТ И ДОЦНЕЊЕ ВО РАЗВОЈОТ

Доколку безбедносните сигнали алармираат, резултатите би биле заглушувачки“, рече Карл Јаблоновски, д-р, виш истражувачки научник во Детската здравствена одбрана (CHD), коавтор заедно со главниот научен директор на CHD Брајан Хукер, д-р., од студијата објавена во средата во Меѓународниот весник за теорија, практика и истражување на вакцини…

Во објавата се напоменува и за наводната опасност од поливалентните вакцини по здравјето на доенчињата, односно последици за нивниот развој и имунитет. А, како главен извор се наведува интервјуто на д-р Кели Сатон, чија докторска лиценца била одземена од Калифорнискиот медицински одбор, токму поради пропусти во имунизација на деца. 

Но, објавата содржи невистина, која може да се докаже преку фактите што ги поседуваат науката и соодветните меѓународи и домашни тела што управуваат и се грижат за вакцинацијата на светско ниво и на локално ниво.

Несомнено е дека дел од вакцините имаат несакани дејствија. Но, сосема е неточно дека тие предизвикуваат децата да имаат задоцнет развој и зголемен ризик од заболување. Наведени во прирачникот на СЗО, податоците за вакцините редовно се објавуваат и се ажурираат и во истите за наведуваат ризиците, меѓу кои не спаѓаат и оние наводни ефекти кои се споменуваат во објавата.  

Конкретно, ризикот од вакцинација со поливалентните вакцини се ограничува на реакции од треска и болка на местото на инјектирање, до анафилаксија – односно посилна алергиска реакција заради која организмот е во состојба на шок. Следствено, околу задоцнувањето во развојот и намалувањето на имунитетот од поливалентните вакцини, како што се тврди во постот, овие ефекти не се клинички докажани.

Впрочем, тоа се наведува и од здравствените власти на С. Македонија. На сајтот на ресорното министерството може да се најде се за имунизацијата што е подготвено од Комитетот за имунизација, во кој учествуваат врвни лекари практичари и професори од Медицинскиот факултет при УКИМ и други научни установи, како што е Институтот за јавно здравје на РСМ

Дополнително, и домашните здравствени власти ја следат безбедноста на вакцините по нивното воведување. Препораките за вакцини може да се променат според резултатите од таквото безбедносно следење и тоа се вградува и во прирачникот на СЗО и во домашните протоколи и процедури, што накратко се нарекуваат СОП или стандардни оперативни процедури (од стр, 27-29).

А, поливалентни вакцини содржат во себе повеќе типови на антигени (соеви, видови или варијанти на предизвикувачкиот агенс на една болест) и помагаат за градење на имунитет за справување со смртоносен исход од болестите, вклучувајќи ги и симптомите на грипот кај донечињата. После околу две недели од примањето, организмот започнува да создава сопствени антитела.

 

Која е д-р Кели Сатон и кои се CHD? 

Дополнително, авторката на објавата се повикува на „Одбрана на детското здравје“ (Children`s Health Defense – CHD), како и на интервјуто на „CHD.TV“ (онлајн видео канал управуван од CHD) под насловот „Вашата моќ како родител“ (Your Power As a Parent), објавено на 16 јуни 2024. Во интервјуто гостува Кели Сатон (Kelly Sutton), чија докторска лиценца беше одземена од „Медицинскиот одбор на Калифонија“ (Medical Board of California), кога се дозна дека Сатон неосновано ослободила четири малолетни пациенти од редовна вакцинација.  

А организацијата CHD е непрофитна оргнизација која се залага за заштита на здравјето на децата и еколошките проблеми. Навидум бенигната цел на организацијата се става под знак прашалник затоа што основачот на истата е Роберт Ф. Кенеди Помладиот. Кенеди бил тема на голем број рецензии на Вистиномер и на американските и други светки медиуми и проверувачи на факти, бидејќи поддржува и шири во јавноста разни теории на заговор – детално објасенти и во магазинот Форбс. 

Заради горенаведените факти оваа објава ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција