Економија потпрена на еден сектор – до кога?
БДП по жител е околу 370 евра месечно, што значи 1.500 евра месечно за четиричлено семејство. Колку семејства кај нас имаат месечни примања од 1.500 евра? БДП во себе ги вклучува и профитите на фирмите, и амортизацијата која тие ја плаќаат за своите инвестиции, и услугите кои државата им ги обезбедува на граѓаните без тие да плаќаат за нив од џеб (безбедност, здравство, образование. Затоа, постои голема разлика помеѓу БДП и расположливиот доход на населението (т.е. доходот кој што луѓето всушност го добиваат на рака). Расположливиот доход е многу помал, околу 50-60% од БДП, т.е. околу 2.500 евра по жител, вели економистот Бранимир Јовановиќ.
Пишува: Анета Додевска
Во услови на политичка неизвесност, економијата и во вториот квартал испорача позитивна стапка на раст – скромно зголемување од 2,2%. Клучен столб на која се потпира Бруто домашниот производ (БДП) и натаму е градежништвото, сектор во која има пораст од 31%. За разлика од градежниот сектор, речиси кај сите останати е регистриран пад, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Дел од економистите очекуваат дека до крајот на годината растот ќе забави, затоа што фирмите, односно приватниот сектор, поради влошена финансиска и ликвидносна состојба нема да успее да ги испорача зацртаните владини проекции.
ЕКОНОМИЈАТА РАСТЕ – СТАНДАРДОТ „ПОД МРАЗ“?
„Во услови на политичка криза вообичаено е да дојде до намалување на делот од доходот за потрошувачка (личната и јавната потрошувачка), намалување на нарачките, посебно од странство, потоа намалување на вкупната инвестициона активност, а доколку политичката криза се одолговлекува, постои реален ризик за селење на капиталот во посигурни подрачја за инвестирање. Не очекувам поголем раст на БДП од 1% до 1,5% во третото и четвртото тромесечие. Очекувам извесно раздвижување на економската активност, преку вбризгување на дополнителни средства од буџетот во стопанството, обезбедени преку задолжување на домашен терен и во странство. Со тие пари би се обезбедиле плаќања на доспеаните обврски, нови нарачки, плаќање на субвенции на земјоделците и други видови на испалти од буџетот, но тоа ќе биде недоволно за позначајно раздвижување на стопанската активност“, вели за Portalb.mk универзитетскиот професор Сами Бислими.
БДП НЕ ГО ОДРАЗУВА ВЕРНО ЕКОНОМСКИОТ РАСТ
БДП по глава на жител ја преценува економската моќ на населението. БДП по жител е околу 370 евра месечно, што значи 1.500 евра месечно за четиричлено семејство. Колку семејства кај нас имаат месечни примања од 1.500 евра? БДП во себе ги вклучува и профитите на фирмите, и амортизацијата која тие ја плаќаат за своите инвестиции, и услугите кои државата им ги обезбедува на граѓаните без тие да плаќаат за нив од џеб (безбедност, здравство, образование. Затоа, постои голема разлика помеѓу БДП и расположливиот доход на населението (т.е. доходот кој што луѓето всушност го добиваат на рака). Расположливиот доход е многу помал, околу 50-60% од БДП, т.е. околу 2.500 евра по жител – изјави неодамна за Portalb.mk економистот Бранимир Јовановиќ.
Проблемот на неликвидноста е подолгорочен, само што сега исплива на површина, првенствено поради фактот што во вакви политички превирања секој настојува да ги одложи плаќањата на обврските, нарачките, купувањата, а тоа директно влијае на намалување на доходот, поточно приливот на готови пари. Инаку, состојбата со ликвидноста зависи од количината на пари во оптек, како и од бразината на оптек на парите. Решението е во вбризгување на дополнителна количина пари, или пак во забрзување на оптекот на парите, вели професорот Бислими.
ЧЕТВРТ ВЕК НЕЗАВИСНОСТ СО ШЕСТ КРИЗНИ ГОДИНИ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар