Еленчето кое се дави во базен на ова видео е спасено и пуштено на слобода

Фото: Принтскрин видео

Видео материјалот од објавата што ја рецензираме е компилација од три различни видеа. Но, приказната со еленчето кое почнало да се дави во базен од куќа не завршува така како што е презентирано во објавата. Напротив, тоа е спасено и ослободено, а за тоа извести реномирана американска телевизија пред 6 години.

Видео материјалот од објавата што ја рецензираме е компилација од три различни видеа. Но, приказната со еленчето кое почнало да се дави во базен од куќа не завршува така како што е презентирано во објавата. Напротив, тоа е спасено и ослободено, а за тоа извести реномирана американска телевизија пред 6 години

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал кој е составен од три посебни видео материјали. Тие три видеа се монтирани во едно, со што се презентира дека наводно се дел од еден настан низ повеќе различни години.

На првото видео се гледа човек кој спасува еленче од базен, потоа следува видео од еленче како цица млеко од цуцла, односно го хранат, а на крајот видеото завршува со трет видео материјал, каде наводно тоа е ,,зготвено”. На првото видео пишува дека е од првиот, на второто од вториот и на третото од третиот ден.

Меѓутоа, станува збор за неповрзани настани и креирана содржина. Видеото има 1,4 милиони прегледи и 700 споделувања само во 24 часа пред пишувањето на оваа рецензија. Станува збор за премонтирано видео. Земени се инсерти од различни видеа и создадено е едно ново.

Оригиналното видео е сосема различно и е од реномирана телевизиска куќа во САД, односно од CBS News од пред неколку години. Првото видео може да се погледне на следниот линк, од каде станува јасно дека видеото од CBS News е објавено пред 6 години со опис на настанот како што тој се случил. Според описот на телевизиската куќа, еленче паднало во базен во август пред 6 години, во Канзас и почнало да се дави.

Откако мајка му избегала, сопственикот на базенот Валтер Бурес истрчал да го спаси. Бурес потоа му помогнал на вознемиреното еленче да се прекачи преку оградата од карпи и да поита накај мајка му. Сопругата на Валтер, Дијана, ги наводнувала цвеќињата во дворот кога го видела спасувањето на еленчето. Таа вели дека нејзиниот сопруг работел на нивната семејна фарма цел живот и помогнал на овој свет да дојдат многу телиња.

Таа сметала дека тој инстинктивно потрчал да го спаси малото еленче. Еленчето, како што може да се види од видеото, почекало некој момент во близина на карпите, како да сакало да му се заблагодари на Бурес за спасувањето. Потоа истрчало да ја пронајде мајка си.

Од оваа завршница на настаните, повеќе од јасно е дека еленчето ниту било чувано во дворот од нечија куќа, како што тоа се сугерира во второто намонтирано видео, ниту пак било зготвено.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција