Еувсдисинфо: Про-Кремљ медиумите објавуваат повеќе од 100.000 написи месечно во нивна полза

Про-Кремљ медиумите користат волуменост – обемност за да го засилат впечатокот. Пример: Досега во 2020 година, зборот „русофобија“ или нејзината придавка „русофобична“, се појави во над 30.000 статии објавени на 4.800 веб-страници на руски јазик, се вели во последниот напис на „Еувсдисинфо“.

 

Руските медиуми контролирани од државата имаат тенденција да користат „гласен“ јазик. На 2 октомври, по проблематичните избори и насилиството против мирните демонстранти во Минск, коментатор на „Спутник“ Белорусија рече дека членките на ЕУ се „тоталитарни“ земји кои зборуваат „псевдо-демократско ѓубре“ и ги применуваат санкциите како „средновековни методи“ .

На моменти, преувеличувањето станува бизарно. Минатата година, редовен германски коментатор за „Спутник“ изјави дека сомневањето на Западот во намерите на Москва произлегува од „генетскиот страв“ од Русија. И подоцна, „Спутник“ Италија  предупреди за „нов светски лидер“ кој предвидува „катастрофа за Русија, и не само за [Русија]!“

Која е оваа, злобна глобална сила што се соочува со Кремљ и неговите сојузници? Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон? Џорџ Сорос? Некој отворен критички глас против политиките на Кремљ?

Про-Кремљ медиумите користат волуменост – обемност за да го засилат впечатокот. Пример: Досега во 2020 година, зборот „русофобија“ или нејзината придавка „русофобична“, се појави во над 30.000 статии објавени на 4.800 веб-страници на руски јазик.

Руската држава инвестира за достигне публика на глобално ниво. Руската новинска мрежа Раша тудеј (РТ) има шест портали на интернет, а Спутник најмалку 31. Заедно, тие објавуваат повеќе од 100.000 написи месечно, покрај безброј часови на видео и радио-преноси. Една групација веб-страници, како што е „Њус фронт“ , исто така, дистрибуира написи за про-Кремљ теории на заговор и про-Кремљ коментари.

Во септември, студија на Оксфорд за организациското однесување на РТ откри дека целта на ваквите дезинформации е да се создаде политички хаос, особено во Европа. Но, ако хаосот е целта, средството е огромен бран,  цунами. Гигантскиот бран обично има струи кои даваат насока и форма на потопот, а Кремљ може да го вклучи и исклучи како што бараат политичките околности, се вели во овој напис на „Еувсдисинфо“.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција