Фактоје: Албанија нема 5отсто економски раст во 2019
Премиерот на Албанија Еди Рама, откако го презеде вториот мандат, гарантираше дека земјата ќе достигне економски раст од 5%, поточно, пред две години Рама вети дека во 2019 година, економскиот раст на Албанија ќе биде над 5%.
Скоро три години по ова ветување, албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје“ открива дека Владата на Рама не успеа да го исполни ова ветување.
Податоците од Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат економски раст од не повеќе од 2,77% за 9 месечниот период во 2019 година, додека податоците за последните 3 месеци сè уште не се објавени. Од друга страна, за 2018, според „Фактоје“, Албанија беше рангирана трета во регионот во однос на економскиот раст, после Црна Гора и Србија, следена од Косово и Македонија.
Владата објави дека ова забавување на економскиот раст во 2019 се должи на неколку фактори, како што се негативното производство на електрична енергија во првиот квартал или привремени фактори, како што се затворањето на спортските обложувалници и игрите на среќа (со новиот закон) и прекинувањето на проектот ТАП.
Со овие заклучоци, “Фактоје” ова ветување на Рама го оцени како неисполнето.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар