„Фактоје“: Албанија нема најголем број на договори со Северна Македонија

На 14 декември 2017 година, владите на Албанија и Северна Македонија ја одржаа својата прва заедничка средба во Поградец. За време на говорот што го даде премиерот Рама на оваа средба беа наведени многу теми од заеднички интерес за јакнење на врската меѓу двете соседни земји. Рама изјави дека со Северна Македонија, Албанија имала потпишано најголем број договори, но со верификацијата на „Фактоје“, се покажа дека првото место за нивниот број припаѓа на договри со Србија, по што следи Црна Гора!

„Со Македонија, имаме најголем број договори потпишани со која било земја во регионот“, рече Рама за време на билатералниот состанок на владите на Тирана и на Скопје, што се одржа во Поградец.

Врз основа на оваа изјава, „Фактоје“ комуницираше со некои од албанските амбасади во земјите од регионот: Македонија, Црна Гора, Србија, Косово.

Преку одговор, амбасадата во РСМ нè упати кон официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи. На оваа страница „Фактоје“ дозна дека досега се потпишани 22 договори меѓу двете држави, од кои последниот, според нив, е направен во 2016 година.

Втората амбасада со која комуницираше Фактоје беше онаа во Црна Гора. Според одговорот што го доби во амбасадата, досега се потпишани 52 договори меѓу Албанија и Црна Гора, од кои до 2018 година има 50 такви.

Дел од доставениот документ:

Од одговорот што го доби „Фактоје“ од од албанската амбасада во Србија, се дознава дека досега се потпишани 62 договори, од кои последниот е во 2015 година.

Дел од документацијата испратена до „Фактоје“:

На официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи „Фактоје“ го доби и бројот на договори што Албанија ги има потпишано со Косово, а според оваа институција има 28 договори.

Од извршените проверки, се покажа дека Албанија нема најголем број договори со Северна Македонија, туку со Србија и Црна Гора. Врз основа на овие податоци, Фактоје оваа изјава на премиерот Рама ја цени како невистинита.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција