Фактоје: Авионите на небо, аеродромот во Валона во калта

Албанскиот сервис за проверка на факти  „Фактоје” оцени важно ветувања на Владата на Еди Рама, за изградба на аеродром во Валона.

Премиерот  Рама пред скоро една година вети дека активностите за изградба на аеродромот во Валона ќе започнат во 2019 година. Според проверка на „Фактоје”, не само што не започнаа, туку дури сега  (19.12.2019) беше официјално отворен тендерот за овој проект. Според владата, новиот рок за започнување со градежните работи е 31 мај 2020 година.

Написот е придружен и со видео материјал на новинарка на “Фактоје”, која известува од местото кај требаше да се гради аеродромот, а од снимките се гледа дека таму нема градежни активности. Понатаму во видео материјалот беа објавени изјави на премиерот Рама и на заменик-министерот за инфраструктура, Артан Шкрели, во кои тврдат дека изградбата на аеродромот во Валона ќе започне во текот на 2019 година, како и 3Д фотографии на аеродромот.

Според горенаведената проверка, „Фактоје” ова ветување го оцени како неисполнето.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција