Tуризмот во Јужна Албанија оваа година се соочува со тест за опстанок по создадените услови од пандемијата со Ковид-19.

Министерот за реконструкција, Арбен Ахметај во емисијата „Opinion“, изрази оптимизам за закрепнување на туристичкиот сектор во текот на 2020 година, гарантирајќи дека е невозможно да се резервира хотелско сместување на југот на Албанија бидејќи хотелите се полни.

Албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје“ контактираше неколку хотели и откри дека тие се во очајно исчекување за резервации и всушност не се полни.

Туризмот е еден од најоштетените сектори од состојбата со коронавирусот не само во Албанија, туку ширум светот.  Оваа година крајбрежјето во Албанија, заради затворањето на границите, се очекува да биде посетено повеќе од локалните отколку странските посетители, .

„Фактоје“ објави неколку статии за економските штети кои ги претрпеле бизнисите од туристичкиот сектор поради пандемијата. Повеќето од нив потврдуваат дека претрпеле големи загуби и ризикуваат банкрот   затоа што немаат резервации како минатите години.

Имајќи го предвид сето ова „Фактоје” изјавата на Ахметај  ја оцени како невистина.