Фактоје: Сепак првите 11,5 километри од патот во Валона не беа завршени во текот на јули

Според изјавата на министерската за инфраструктура на Албанија, Белинда Балукујот, во текот на јули требаше да бидат завршени првите 11,5 километри од патот до Валона, известува Фактоје. Сепак, според одговорот од Министерстовот за инфраструктурата и проверката на теренот од новинарите на Фактоје, работите не напредуваат со очекуваното темпо.

Имено, работите биле стопирани и само 9 километри биле асфалтирани од 11,5 километри што требало да завршат до крајот на јули. Освен проверката на терен, тоа го потврдува и одговорот што Фактоје го доби од Министерството за инфраструктура во кој се вели:

До денес, асфалтирани се приближно 9 км. Изведувачот работи паралелно на многу фронтови, се предвидува дека во наредните месеци оваа должина ќе достигне вкупно15 км. А целокупниот проект ќе заврши на почетокот на следното лето.

Со ова образложение, Фактоје ова ветување го оцени какп делумно исполнето.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција