Гласовите „ЗА“ на референдумот ги надминаа најдобрите изборни победи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ
Претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето пред јавноста по референдумското изјаснување, во врска со поддршката од над 600.000 гласови „ЗА“ констатира дека: „Европска Македонија доби повеќе гласови ЗА од кој било победник на кои било парламентарни избори во историјата на независна Македонија“. Оваа негова изјава е вистинита
По завршувањето на гласањето за референдумот (30.09.2018) премиерот, Зоран Заев од прес-центарот на коалицијата Заедно за европска Македонија, ја даде следната изјава во врска со резултатите од референдумот, во која меѓу другото, рече:
На референдумот денеска гласаа повеќе од 650.000 граѓани. Од граѓаните кои гласаа, повеќе од 90% избраа „ЗА“ и порачаа дека Република Македонија треба да го прифати договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ. Европска Македонија доби повеќе гласови „ЗА“ од кој било победник на кои било парламентарни избори во историјата на независна Македонија.
Дури и ако имаше цензус, дури и ако имаше 1,1 милион излезени гласачи, овој резултат од речиси 600.000 граѓани кои гласале ЗА, ќе значеше јасна одлука на граѓаните и јасна определба ЗА европска Македонија…
[Извор: Веб-страница на СДСМ, датум: 30.09.2018]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето пред јавноста по референдумското изјаснување, во врска со поддршката од над 600.000 гласови „ЗА“ констатира дека: „Европска Македонија доби повеќе гласови ЗА од кој било победник на кои било парламентарни избори во историјата на независна Македонија“. Оваа негова изјава е вистинита.
Како што соопшти Државната изборна комисија на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „ЗА“ гласале 609.813 граѓани, или 91,46 отсто, „против“ гласале 37.700 илјади граѓани или 5,65 отсто, а неважечки ливчиња се 19.221 или 2,89 отсто .
И покрај тоа што на референдумот не беше исполнет цензусот (на гласањето излегоа вкупно 666.743 граѓани или 36,91 отсто од запишаните 1.806.336 гласачи на Избирачкиот список – официјални податоци од ДИК), бројката од речиси 610.000 избирачи кои позитивно се изјасниле е репсектиблина.
Сепак, треба да се каже дека во оваа мнозинска волја од 609.813 гласови „ЗА“ на референдумот им припаѓа на граѓаните Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми …, кои излегоа на референдумското изјаснување. И, овие гласови не може баш грубо – „пластично“ да се компарираат со гласовите кои ги добиле победниците на досегашните парламентарните избори, посочувајќи ги притоа најдобрите изборни пласмани на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, каде главно е пресликана волјата на македонското гласачко тело. Имено, ваквата математичка споредба не ги вклучува гласовите на албанските граѓани, пресликани кај победниците во албанскиот политички блок (ПДП, ДПА, ДУИ). Па гледјќи од тој агол во изјавата на Заев забележуваме и една недоследност.

Инаку, прегледот на резултатите на сите парламентарни избори од 1994 години (тие се први по прогласувањето на независност на 8 септември 1991 година), до последните предвремени во декември 2016 година, покажува дека победничките коалиции предводени ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, дури и на изборите кога имале најголем успех: СДСМ во 2002 г. – 497.342 гласови, ВМРО-ДПМНЕ во 2014 г. – 481,615 гласови, не успеале да го достигнат квантумот од 609.813 гласови, колку што имаше гласови „ЗА“ на референдумот во неделата (30.09.2018).
Оваа бројка е поголема и од гласовите кои ги добија поранешните претесетатели Борис Трајковски – 582.808 и Бранко Црвенковски – 550.317, како и актуелниот претседател Ѓрорѓе Иванов (453.616 – прв мандат, 534.910 – втор мандат ) . Повеќе гласови успеа да освои едниствено екс-претседателот Киро Глигоров – 715.087 во 1994 година.
****
Следи преглед на резултатите на парлементарните избори од 1994 до 2016 година и на претседателските избори од 1994 до 2014 година
- Парламентарните избори 1994 година се првите парламентарни избори кои се одржаа по стекнувањето независност на Република Македонија.
Партија | Прв круг | Втор круг | ||
Број на гласови | % | Број на гласови | % | |
Коалиција „Сојуз за Македонија“ предводена од СДСМ | 291,695 | 29.5 | 329,700 | 53.5 |
ВМРО-ДПМНЕ | 141,494 | 14.3 | – | – |
Демократска партија | 108,872 | 11.0 | – | – |
Партија за демократски просперитет во Македонија | 87,103 | 8.8 | 93,407 | 15.2 |
Народна демократска партија | 29,361 | 3.0 | 25,007 | 4.1 |
- Парламентарни избори 1998 година
Резултати од пропорционалното гласање
Политички партии | Освоени гласови | % |
ВМРО ДПМНЕ | 312.669 | 28,10 |
Социјалдемократски сојуз на Македонија | 279.799 | 25,14 |
ПДП и ДПА | 214.360 | 19,26 |
Добиени гласови според мнозинската листа
Политички партии | Освоени гласови (прв круг) | % | Освоени гласови (втор круг) |
ВМРО ДПМНЕ и Демократска алтернатива | 369.615 | 33,05 | 373.001 |
Социјалдемократски сојуз на Македонија | 278.766 | 24,93 | 273.193 |
Партија за демократски просперитет | 132.430 | 11,84 | 18.153 |
Демократска партија на Албанците | 53.469 | 4,78 | 28.361 |
- Парламентарните избори 2002 година
Политички партии и коалиции | Освоени гласови | % |
За Македонија заедно (СДСМ, ЛДП и др.) | 497.342 | 41,58 |
ВМРО ДПМНЕ и ЛПМ | 299.179 | 25,02 |
ДУИ | 145.615 | 12,18 |
ДПА | 64.025 | 5,35 |
ПДП | 26.853 | 2,25 |
НДП | 26.406 | 2,21 |
- Парламентарни избори 2006 година одржани на 5 јули 2006 година
Политички партии и коалиции | Гласови | % |
За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.) | 304.572 | 32,50 |
За Македонија заедно (СДСМ и др.) | 218.463 | 23,31 |
ДУИ, ПДП и ДЛБ | 113.522 | 12,12 |
Демократска партија на Албанците | 70.261 | 7,50 |
- Предвремени парламентарни избори 2008 година
Политички партии и коалиции |
Гласови | % |
За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.) | 481.501 | 48,78 |
СОНЦЕ. Коалиција за Европа (СДСМ и др.) | 233.284 | 23,64 |
Демократска унија за интеграција | 126.522 | 12,82 |
Демократска партија на Албанците | 81.557 | 8,26 |
- Предвремени парламентарни избори 2011 година
- Предвремени парламентарни избори 2014 година
Партија | Гласови | % | |
ВМРО-ДПМНЕ | 481,615 | 42.97 | |
СДСМ | 283,955 | 25.34 | |
ДУИ | 153,646 | 13.71 | |
ДПА | 66,393 | 5.92 | |
НДП | 17,783 | 1.59 | |
- Предвремени парламентарни избори 2016 година
Партија | Лого | Гласови | % | ||
ВМРО-ДПМНЕ и други | 454.577 | 38,14 | |||
Социјалдемократски сојуз на Македонија и други | 436.981 | 36,66 | |||
Демократска унија за интеграција | 86.796 | 7,28 | |||
Движење Беса | 57.868 | 4,86 | |||
Алијанса за Албанците | 35.121 | 2,95 | |||
Демократска партија на Албанците | 30.964 | 2,60 |
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ
- Претседателски избори одржани 1994 година
Кандидат | Партија | Број на гласови | % |
Киро Глигоров | Сојуз за Македонија | 715.087 | 78,4 |
Љубиша Георгиевски | ВМРО-ДПМНЕ | 197.109 | 21,6 |
- Претседателски избори 1999 година
Кандидат | Партија | Прв круг | Втор круг | ||
Број на гласови | % | Број на гласови | % | ||
Тито Петковски | СДСМ | 343.606 | 33,1 | 513.614 | 46,8 |
Борис Трајковски | ВМРО-ДПМНЕ | 219.098 | 21,1 | 582.808 | 53,2 |
- Претседателски избори 2004 година
Кандидати и партии-номинирачки | Прв круг | Втор круг | ||
Гласови | % | Гласови | % | |
Бранко Црвенковски (Социјалдемократски сојуз на Македонија) | 385.347 | 42,5 | 550.317 | 62,6 |
Сашко Кедев (ВМРО-ДПМНЕ) | 309.132 | 34,1 | 329.179 | 37,4 |
- Претседателски избори 2009 година
Кандидати и партии-номинирачки | Втор круг | |
Гласови | % | |
Ѓорѓе Иванов (ВМРО-ДПМНЕ) | 453.616 | 63,14 |
Љубомир Фрчкоски (Социјалдемократски сојуз на Македонија) | 264.828 | 36,86 |
- Претседателски избори 2014 година
кандидат | партија | резултати | |||
1. | Иванов, Ѓорге | ВМРО-ДПМНЕ | 534.910 гласови | ||
2. | Пендаровски, Стево | СДСМ | 398.077 гласови |
ИЗВОРИ:
- Веб-страница на СДСМ (09.2018): Повеќе од 90% од гласовите се ЗА, пратениците имаат обврска да ја обезбедат иднината на Македонија [Пристапено: 01.10.2018]
- Википедија – Македонски парламентарни избори (2016) [Пристапено: 01.10.2018]
- Википедија – Македонски парламентарни избори (2014) [Пристапено: 01.10.2018]
- Википедија – Македонски парламентарни избори (2011) [Пристапено: 01.10.2018]
- Википедија – Македонски парламентарни избори (2008) [Пристапено: 01.10.2018]
- Википедија – Македонски парламентарни избори (2006) [Пристапено: 01.10.2018]
- Википедија – Македонски парламентарни избори (2002) [Пристапено: 01.10.2018]
- Википедија – Македонски парламентарни избори (1998) [Пристапено: 01.10.2018]
- Википедија – Македонски парламентарни избори (1994) [Пристапено: 01.10.2018]
- Википедија – Македонски парламентарни избори (1990) – [Пристапено: 01.10.2018]
- Википедија – Македонски претседателски избори (1994) – [Пристапено: 01.10.2018]
- Википедија – Македонски претседателски избори (1999) – [Пристапено: 01.10.2018]
- Википедија – Македонски претседателски избори (2004) [Пристапено: 01.10.2018]
- Википедија – Македонски претседателски избори (2009) [Пристапено: 01.10.2018]
- Википедија – Македонски претседателски избори (2014) [Пристапено: 01.10.2018]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар