Главните проблеми на граѓаните се поврзани и со преговорите со ЕУ

Ѓ.Сајкоски. Фото: скриншот

Владејачката гарнитура е задолжена прашањето на уставните измени да го држи секојдневно и високо на агендата, затоа што обврска на РСМ е тие да се спроведат до крајот на 2023 година, доколку државата сака да отпочне со формалното преговарање по кластери за членство во ЕУ. И не само тоа, туку тие преговори се директно поврзани и со решавање на „главните проблеми на граѓаните“

Владејачката гарнитура е задолжена прашањето на уставните измени да го држи секојдневно и високо на агендата, затоа што обврска на РСМ е тие да се спроведат до крајот на 2023 година, доколку државата сака да отпочне со формалното преговарање по кластери за членство во ЕУ. И не само тоа, туку тие преговори се директно поврзани и со решавање на „главните проблеми на граѓаните“

 

 

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Ѓорѓија Сајкоски даде изјава во рамки на интервју во која се лоцира полувистина:

Јас сум пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и можам да порачам дека нема да гласам за уставните измени. Нашиот став е принципиелен и тој е споделен со јавноста од почетокот на процесот, од 2022 година кога кажавме дека ваквиот предлог е неприфатлив за нас и ова прашања од 2022 е затворено за нас и секое навраќање на власта на ова прашање го гледаме како тема која што е бегање од главните проблеми што ги имаат граѓаните во Македонија. 

[Радио Лидер –Сајкоски/интервју;датум – 22.03.2022]

 

Образложение:

Пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски релативно точно лоцира дека ставот на пратениците и на неговата партија е принципиелен зашто уште во текот на 2022 година соопштија дека нема да гласаат за уставните измени, а таквиот став го држат и денес сите високи функционери, со оправдување дека такви измени не се прифатливи за нив. Сепак во делот кога вели дека секое навраќање на власта на ова прашање го гледаме како тема којашто е бегање од главните проблеми што ги имаат граѓаните во Македонија, Сајкоски во најмалa рака говори полувистина.

Полувистина е од две причини. Првата е, што уставните измени со кои би се внеле припадниците на бугарското малцинство во Уставот како дел од конститутивните народи и делови од народи на РСМ, е услов за формално отпочнување на преговорите по кластери во претпристапниот процес меѓу С. Македонија и Европската унија. Оттука, сосема е нормално владејачката коалиција постојано да го држи ова прашање на дневна агенда, затоа што по скрининг процесот што е во тек и којшто треба да заврши при крајот на годинава, практичните преговори нема да започнат доколку во меѓувреме не бидат извршени тие уставни измени. Затоа, инсистирањето на власта на секојдневно споменување на ова прашања во различни секојдневни пригоди е нешто што нема друга основа освен – практично завршување на процесот во текот на оваа 2023 година.

Од друга страна, полувистина е и затоа што нема ниту еден од секојдневните големи проблеми во државата што во исто време не е поврзан и со пристапните преговори кон ЕУ. Како што на јавноста ѝ е прилично добро познато, преговорите ќе овозможат усогласување на законодавството на РСМ со законодавството т.е. директивите на ЕУ кои се нарекуваат и европски стандарди. И тоа се однесува од законодавството во областа на правосудството, преку законодавството во областа на економијата и конкурентноста, до законите во областа на животната средина или остварување на основните човекови права. Така усогласеното законодавство истовремено треба да биде и доследно применувано и сето тоа е под мониторинг на Европската комисија, која еден ден треба да соопшти дека државата ги исполнила сите услови да стане земја членка на ЕУ.

Се разбира дека добри и со европски стандард закони, кои истовремено се применливи во секојдневието, значат и решавање на секојдневните, „главните проблеми на граѓаните“, како што вели Сајкоски.

Оттука, делот на неговата изјава дека секое навраќање на власта на ова прашање го гледаме како тема којашто е бегање од главните проблеми, во најмала рака може да се оцени као полувистина.

 

Извори:

 

Оценил: Теофил Блажевски

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција