Ибрахим Ибрахими
Ибрахим Ибрахими е министер во техничката влада, по оставката на неговата претходничка, Фросина Ташевска – Ременски.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Ибрахим Ибрахими е роден во Гостивар, на 24 јуни 1967 година. По националност е Ром.
ОБРАЗОВАНИЕ
– Универзитет на Југоисточна Европа-Тетово, постдипломски студии по политички науки.
– Економски факултет-Скопје, во тек постдипломски студии по сметководство и ревизија.
– Дипло фондација и Универзитетот за дипломатија-Малта, Постдипломска програма “Јавна дипломатија”.
– Економски факултет-Скопје, дипломиран економист
Покрај ромски и македонски, во одредени степени ги владее и следниве јазици: англиски, турски, албански, француски (пасивно) и српски.
КАРИЕРА
2004-2006 Европски центар за малцински прашања – Проект менаџер
2001-2004 Фондација Институт Отворено општество Македонија – проект Ромаверзитас, Програмски координатор
2000-2001 Фатина – Гостивар, Шеф на сметководство
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
29.12.2016 – именуван е за министер за труд и социјална политика
29.7.2011 – избран е за заменик – министер за труд и социјална политика
2008-2011 – Министерство за правда, Заменик-министер
2007-2008 Министерство за труд и социјална политика – Советник
ИЗВОРИ
Министерство за труд и социјална политика – Министер
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар