Илија Димовски: БДП е дуплиран и девизните резерви се удвоени

Илија Димовски

Тврдите дека задолженоста во апсолутен износ се зголемила, но не споменувате дека е дуплиран домашниот бруто-производ и дека исто така се речиси удвоени и девизните резерви. [Датум; 20.12.2012 | Извор: Окно, Утрински весник]

Образложение:

Според податоците од Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ), вкупниот износ на бруто-домашниот производ на Република Македонија во 2012 година изнесува околу 10 милијарди долари, додека истиот во 2006 година изнесувал 6,5 милијарди долари. Иако постои значително зголемување, сепак не може да се каже дека износот на БДП е дуплиран.

Дополнително, според податоците на Народната банка на Република Македонија, девизните резерви на државата во 2012 година изнесуваат 2 милијарди и 100 милиони евра, додека истите во 2006 година изнесувале 1 милијарда и 416 милиони евра.  И во овој случај, постои зголемување, но не се работи за удвојување на износот. Според тоа, може да се заклучи, дека оваа изјава на пратеникот Димовски е невистинита.

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција