[Интервју] Данила: Дезинформациските кампањи во Романија често се насочени против бегалците од Украина

Ина Данила, раководителка на проект во романската организација за проверка на факти и дигитален активизам „Funky Citizens“ (Фанки граѓани). Фотографија со дозвола за реобјавување.

Повторно излегоа на површина ревизионистичките побуди во некои држави, вклучувајќи ја и Романија. Приказната вели дека Украина е држава од земјиште што припаѓа на други држави. Таа го претставува барањето на Русија како легитимно, вели Ина Данила, раководителка на романска организација за проверка на факти и за отпорност кон дезинформации

Додека дезинформациски кампањи ја преплавија Средна и Источна Европа, граѓанските организации се во првите редови на иницијативите за справување со овој предизвикМета.мк разговараше со Ина Данила, раководителка на проект во Funky Citizens, романска организација за проверка на факти и за отпорност кон дезинформации, во врска со тековната ситуација во Романија во регионален контекст. 

Дезинформациите се закана за демократските општества во целиот свет. Северна Македонија има свој удел во локализираните и прекуграничните дезинформации како и во пропагандните кампањи. Во основа, половината од населението на државата не им верува на медиумитеКако изгледа медиумскиот пејсаж во РоманијаДали како држава-членка на ЕУ се соочувате со истите предизвици? 

Има многу сличности меѓу двете државиособено во историски, политички и медиумски контекстВо Романија, многу медиуми се во сопственост на медиумски магнати или, пак, се платени од политичките партииОттука, довербата на романската јавност во медиумите е мала, односно само 20% oд Романците велат дека имаат висока или многу висока доверба во медиумитеДури и црквата, војската и полицијата се повисоко рангирани во поновите анкетиОваа ситуација нè прави почувствителни на дезинформации и на руска пропаганда, а сега уште повеќе со оглед на војната што се одвива блиску до нашите граници. 

Поголемиот дел од населението негува позитивни ставови кон ЕУ и НАТО и е непријателски настроен кон КремљСепак, поларизацијата, појавата на популизмот и национализмот го предизвикуваат прозападниот статус-кво и ја отвараат вратата за странски влијанија од Исток како што се покажа во нашиот извештај за антизападна пропаганда што го спроведовме во 2021 година. 

Во Северна Македонија лажните информации се шират преку социјалните мрежи, особено преку Facebook, Twitter и YouTube. Сепак, пропагандистите сè уште користат традиционални медиуми, но незадолжително и вообичаените каналиКаква е состојбата во вашата држава? 

За некои делови од населението (особено генерацијата „З“ и Милениумците, но и зголемениот број на бејби-бумерите), социјалните медиуми се местото каде што наидуваат на дезинформацииЗаедно со YouTube и Instagram, Facebook е сè уште најпопуларна социјална медиумска платформаа тоа ја прави и голема дезинформациска алатка во државатаЗа жал, исто така гледаме загрижувачки трендови на TikTok, што е многу потешко за следење поради форматот и рокот на траење на содржините, како и поради малата транспарентност на алгоритмитеЗа разлика од вашата држава, во Романија традиционалните медиуми се сè уште на врвот од листата за случајно или намерно пренесување на дезинформации и на лажни вести. 

Не изненадува тоа што некои политичари шират лажни вести, но тоа не го прават на очигледен начинМинатата година, сегашни или претходни членови на Алијансата за сојуз на Романците (АСРрадикална десно-ориентирана партија) промовираше проруски наративи или изрази сомнеж за помошта што ѝ се испраќа на Украина од страна на ЕУ и/или Романија, што допре до илјадници луѓепреку ТВ и преку социјалните медиуми. 

Каков ефект имаше оваа активност на политичкиот дискурс или на однесувањето на романските гласачи? 

Ставот на Романија во однос на војната во Украина е усогласен со позициите на ЕУ и на НАТО и покрај проруските дестабилизирачки напориСепак, на поопшто ниво, дезинформациите се веќе дел од нашите политички дебатиНашите колеги од Factual редовно ги разоткриваат политичките лажни вести и дезинформацииТака, романските политички лидери им отвораат многу работа. 

Друг ефект од сиот овој информативен хаос (што стана полош по ковид-19 пандемијатае тоа што гласачите се чини дека се позаинтересирани за популистичките дискурсиТоа барем го покажа анкетата од јануари 2023 година. Според Atlas Intelрадикалната десно-ориентирана партија АСР може да добие 17,9% од гласовите на парламентарните избори следната година, додека нивниот претседател, Џорџе Симион, би освоил над 10% од првиот круг на претседателските избори во 2024 година. 

Досега, какви алатки или решенија има направено или идентификувано вашата организација? Што функционира најдобро? 

Користиме мешавина на внатрешни платформи, активности и партнерства со други организации за да промовираме фактичка вистина и за да ја зголемиме отпорноста кон дезинформациитеТака, од 2014 година ја водиме платформата за проверка на факти Factual.roшто е и сертификуван член на Меѓународната мрежа за проверка на факти (International Fact-Checking Network)Исто така се приклучивме на програмата за проверка на факти на компанијата „Мета“ минатата годинаКористиме новинарски методи за идентификување и разоткривање на потенцијални дезинформации на Facebook и Instagram, платформи чие користење ќе им се намалува со текот на времето. 

Во 2022 годинапомогнавме во создавањето на Европскиот кодекс на стандарди за независни организации што се занимаваат со проверка на факти (EFCSN’s European Code of Standards for Independent Fact-Checking Organizations)Кодексот е заеднички труд на 45 организации за воспоставување на стандарди за траспарентност, етика и методологија што ќе ги води нашите проверки на факти и креирањето политики во борбата против дезинформациите. 

Сепак, не е доволно разоткривањето ако тоа не е поддржано со градењето општествена отпорност. Од таа причина, секогаш наоѓаме нови начини како да им ги дадеме алатките што им требаат на активистите и на другите ангажирани граѓани во областа за тие да постанат лидери во промените, исто како што „Метаморфозис“ го прави тоа во вашата држава. 

Забележавте ли некакви промени во воената пропагандаДали вие, или други романски актери, видовте некакви шеми на менување на дезинформациите во изминатава година? 

Да, може да зборуваме за тоа како трендовите на ширење лажни информации се менувале со напредокот на војната. 

Од самиот почеток, серија меѓународни наративи фатија корен на локално ниво. Според локалните експертиприкажувањето на Украинците како нацисти (со акцент на баталјонот Азовбеше еден од најпополарните наративи во првата фаза со ограничени резултати, бидејќи Романците изразија масовна поддршка за каузата на Украина. 

Потоа следуваше серија подли, проруски приказни и надојдоа пораки во кои се велеше дека Украина исто така е виновна за конфликтотКонечно, по октомври 2022 годинапропагандата стана поагресивна, нагласувајќи ја стравотната сила на Русија, нуклеарната закана и фактот дека западниот свет нема да скокне за да им помогне на Украинците.  

Исто така, сега имаме повеќе дезинформации и говор на омраза кон украинските бегалци во Романија. Наративи за тоа дека Украинците се премногу богати, дека имаат скапи возила, дека се корумпирани, арогантни, дека не ги почитуваат правилата се појавија во нашата држава, но и во Република Молдова, во Република Чешка и во Полска. 

Ова е тажно, зашто исто така се соочуваме со недоволно сочувство од страна на Романците. Тоа може да влијае врз нивото на поддршка што им се укажува на Украинците на кои им е потребна. 

Ако ги мапирате најзастапените наративи идентификувани во вашата држава во последната година, кои би биле тие? 

Имаме преиначени транснационални наративи и имаме локални приказниСигурно сте слушнале за барем неколку такви со оглед на тоа дека тие беа популарни во Источна Европа и на Балканот. 

Оттаму, ги идентификувавме следниве: приказни за неуспехот на западниот модел на демократија, за слобоста на ЕУ и/или НАТОза фактот дека Русија била испровоцирана од НАТО и идејата дека Украинците, или другите помали држави во регионот, се само пиони или колонии што се користат во поголемата геополитичка игра. 

Не помалку важно е и тоа дека повторно излегоа на површина ревизионистичките побуди во некои држави, вклучувајќи ја и РоманијаВо тој случај, приказната вели дека Украина е држава од земјиште што припаѓа на други држави. Таа го претставува барањето на Русија како легитимноОвој наратив го промовираше поранешен министер за надворешни работи кој наговести дека Украина треба да ги предаде териториите на Русија, Романија, Полска и на Унгарија за да постигне мир. Други варијации ја надолнија идејата тврдејќи дека Украина е авторитарна држава и дека романското малцинство што живее на нејзина територија е дискриминирано (иако овие наративи не постоеја пред војната). 

Да го завршиме интервјуто со попозитивен поглед, дали гледате причини за оптимизам на хоризонтот? 

Ние сме многу активна организацијаОттука, треба да останеме оптимисти за да си ја вршиме работатаФатализмот и активизмот не одат заедно. Гледано низ една посериозна призма, сметаме дека овие заеднички иницијативи што ги подготвуваме ќе го зголемат влијанието на нашите организации во областите поврзани со свесноста и отпорноста на дезинформациите. 

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција