Истражување на „Метаморофозис“ за медиумските реформи: големи очекувања – малку постигнувања

 

Сосотојбата со медиумите во реформскиот сектор се застанати на половина пат, а медиумите во земјата се соочуваат со опасност од ново заробување какво што имавме до 2015/16 година, пред се поради опасноста од зависност од јавните пари.

Ова се наведува во најновото истражување за еден од клучните услови што ги поставува ЕУ за членство на земјите аспиранти, а што го спроведе Фондацијата за интернет и општество „Метаморофзис“ од Скопје, во текот на февруари 2020 година.

Главните постигнувања се во областа на безбедноста на новинарите, во транспарентноста на централните институции, во пристапот до информациите од јавен карактер и во саморегулацијата. Но, тоа е секако е малку за да ги покрие слабостите или неактивноста кои главно се групирани во четири области:

  • Немање Стратегија за развој на медиумскиот сектор и непостоење на намера за такво нешто, макар и на вербално ниво од политичките чинители;
  • Нереформиран Јавен сервис МРТ и нереформирана регулаторна агенција за медиуми, иако законските измени беа обезбедени уште во 2018 година;
  • Недоследност на политичката волја кај сите релевантни политички чинители и во власта и во опозицијата да се дистанцираат во целост од намерата да влијаат врз уредувачката политика на медиумите. Притоа, како најголем „олеснителен“ инструмент се јавните пари, а особено финансирањето на изборните кампањи во медиумите преку милионски средства од Буџетот на РСМ;
  • Барање од самите медиуми, големи приватни радиодифузери, но и весници и портали, неселективно да добиваат финансии или други субвенции директно од буџет, од локална самоуправа или од јавни претпријатија или акционерски друштва во државна или мешовита сопственост.

Сосотојбата, се наведува во најавата на истражувањето, уште повеќе се усложнува со воведувањето на вонредната состојба во РС Македонија од 19.03.2020, состојба во која значително се кратат правата и обврските и на човекот и на другите субјекти во државата. Оваа состојба може да влијае двострано – авторитетите да ги забрзаат реформите во медиумскиот сектор, разбирајќи ја уште повеќе нивната важност или пак, да предизвика чекор назад со делење на новинари и медиуми на „подобни“ и неподобни“, со враќање на автоцензурата, итн.

Истражувањето на „Метморфозис“, е изготвено согласно достапните податоци до крајот на февруари 2020 година. Тоа е спроведено во рамки на регионалниот проект „Западен Балкан и процесот на пристапување во ЕУ: Примена на политичките критериуми“, што го води Центарот за демократска транзиција од Подгорица, Црна Гора. Проектот е подржан од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград и од Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД.  Целото истражување може да го најдете на веб страната на „Метмаорфозис“ или на линкот означен тука.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.