Ивица Тошевски
Ивица Тошевски e градоначалник на Oпштина Ранковце
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Тошевски е роден на 12.02.1966 година во Крива Паланка, а живее во село Ветуница Општина Ранковце. Оженет е и татко е на две деца.
Љубител е на спортот, особено боксот и фудбалот со кои активно се занимавал.
ОБРАЗОВАНИЕ
Основно образование завршил во Ранковце, средно образование во Скопје во ХУЦ „Марија Кири Склодовска“, а ВСС завршува на Институтот за безбедност, мир и одбрана на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје.
КАРИЕРА
Првото вработување му е во 1992 година во МВР -ОВР, ПС „Крива Паланка”, како полицаец.
Во периодот од 2000 до 2003 година бил командир на ПС-„Ранковце”.
Од 2006 до 2008 година бил командир на ПО за БПС „Крива Паланка”.
Од 2008 до 2011 година бил командир на ПС за ГК „Деве Баир”.
Од 2011 до 2013 година е именуван за началник на униформираната полиција во СВР „Куманово“.
Од 2013 до 2017 година бил самостоен инспектор во СВР „Скопје”.
На локалните избори во октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општината Ранковце, како независен кандидат.
ИЗВОРИ:
Веб-страница на Општина Ранковце: Градоначалник
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар