Изграден е нов мост во Ваташа

Фото: kavadarci.gov.mk

Ќе се гради нов мост на крајот од Ваташа, со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, бидејќи досега на постоечкиот мост беа случени неколку сообраќајни незгоди.

[ИЗВОРИ: КТВ (јануари 2018) и Макфакс (октомври 2017)]  

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за изградба на нов мост во Ваташа е исполнето. Споменатото  ветување  Јанчев го даде пред вториот круг за локалните избори (октомври 2017), а истото го вети и на почетокот од неговиот мандат.

Мостот што  ги поврзува, Кавадарци и Ваташа со селата под Кожув е изграден и пуштен во употреба на крајот на декември минатата година (2019). Како што беше тогаш соопштено, во овој мост чија изградба започна летото 2018 година,  државата преку Агенцијата за патишта инвестираше 500 илјади евра,  а Општината со свои средства работеше на инфраструктурното уредување на мостот.

Во обраќањето по повод пуштањето  во употреба на мостот, градоначалникот Јанчев го истакна значењето на објектот за граѓаните од овој дел на Тиквешијата:

Ова е долго очекуван и посакуван проект за Општина Кавадарци и селото Ваташа. Стариот мост беше во катастрофална состојба и поставен во лоша позиција. Според анализите, имаме годишно над 10 до 15 сообраќајки, некогаш и со посериозни последици по учесниците во сообраќајот. На барање на општината успеавме да изготвиме заедничко решение со Владата и Агенцијата за патишта. На овој дел се движат тешки возила од македонски шуми и стопанските субјекти кои гравитираат кон Кожув.

Информација и фотографии за новиот мост на Ваташа се објавени во повеќе медиуми, како и на веб-страницата на Општината.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција