Измама: „Кам маркет“ не подготвува никакво изненадување ако најдете број на фотографија

Неколку показатели укажуваат на тоа дека наградната игра е лажна. Прво, истата не доаѓа од официјалната страница на КАМ маркетите од којашто компанијата секојдневно комуницира со потрошувачите, презентирајќи им различни промоции, производи. Официјалната страница на КАМ има над 300 илјади следбеници, на неа се наведени адресите на маркетите, официјалните контакти, се промовира и отворањето на нови маркети…

Рецензираме објава на Фејсбук која вели:

ДЕНЕШНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ Никој не го погоди бројот освен 43, сè уште нема победник, @𝐾𝐴𝑀 𝑀𝐴𝑅𝐾𝐸𝑇 . Уште 200 победи.

Објавата бара од следбениците, на фотографија со логото на Кам маркет околу кое е испишан повеќе пати бројот 43, да најдат и друг број и да ги остават своите коментари. Објавата има 250 споделувања и над 290 коментари. Не е откриено кое е изненадувањето и што би следело како награда.

КАМ маркет е честа мета на овие дезинформации и лажни наградни игри кои се споделуваат на Фејсбук и се користат за различни цели. Вистиномер повеќе пати има разобличувано слични објави во кои, како и во оваа, се злоупотребуваат името и брендот на КАМ маркет, со лажни тврдења за доделување подароци.

Неколку показатели укажуваат на тоа дека наградната игра е лажна. Прво, истата не доаѓа од официјалната страница на КАМ маркетите од којашто компанијата секојдневно комуницира со потрошувачите, презентирајќи им различни промоции, производи. Официјалната страница на КАМ има над 300 илјади следбеници, на неа се наведени адресите на маркетите, официјалните контакти, се промовира и отворањето на нови маркети…

За разлика од официјалната Фејсбук страница на КАМ маркет, која е потврдена со сино знакче, оваа од која што се споделува лажната наградна игра, е нова и единствената содржина на страницата е повикот за наградната игра. Таа има само 35 следбеници, но достапноста на содржината достигнала огромен број граѓани поради споделувањата.

Вистиномер повеќепати пишуваше дека различните брендови на етаблирани супермаркети од земјава и странство, како и производители на мебел, се злоупотребуваат за цели познати на креаторите на овие лажни наградни игри. Станува збор за постови во кои се бараат лични податоци од корисниците, оставање на коментар од еден збор и лажни ветувања за награди, а сето тоа спроведено со злоупотреба на познати логоа и брендови на кои граѓаните им веруваат. За разлика од ваквите невистинити наградни игри, официјалните наградни игри имаат услови и правила за учество кои се наведени во посебни документи.

Секогаш кога граѓаните ќе се сретнат со повик за награда со услов да остават коментар, треба да се сомневаат во веродостојноста на таквата наградна игра. Таа најверојатно е лажна, а може да биде направена со различни цели, на пример, да се соберат голем број следбеници, да се направи популарна и видлива одредена новокреирана Фејсбук страница, но има ситуации кога се злоупотребувани и кредитни картички и лични податоци на граѓаните.

КАМ маркет во повеќе наврати апелираше граѓаните да се водат од сината значка покрај нивното лого на Фејсбук за да бидат сигурни дека се на официјалната страница.

Токму од оваа страница во минатото имаше демант дека не се работи за нивна наградна игра кога слични содржини беа споделувани од други лажни страници.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција