Измама: КАМ не доделува подароци ако го напишете месецот на раѓање

Фото: Принтскрин ФБ пост

Постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Станува збор за лажна наградна игра во која се злоупотребени брендот и логото на маркетот. Официјалната страница на КАМ на Фејсбук може да се пронајде на следниот линк. Целта е со што поголем број на коментари постот да стане подостапен до други корисници и што повеќе граѓани да ги остават своите лични податоци

Постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Станува збор за лажна наградна игра во која се злоупотребени брендот и логото на маркетот. Официјалната страница на КАМ на Фејсбук може да се пронајде на следниот линк. Целта е со што поголем број на коментари постот да стане подостапен до други корисници и што повеќе граѓани да ги остават своите лични податоци

 

 

Во објава на Фејсбук се споделува наводна наградна игра на КАМ маркет. Но, станува збор за невистинита содржина, при што брендот и логото на КАМ маркет се злоупотребени за да се направи постот што повирален, со лажно ветување дека учесниците ќе добијат награда.

За таа цел, најнапред е креирана лажна фан-страница на која е прикачена фотографија со логото на КАМ маркетите, потоа е создаден постот со лажната наградна игра во кој се вели дека корисниците ќе добијат изненадување.

Изберете го вашиот месец на раѓање и ќе добиете подароци врз основа на вашиот датум на раѓање. направете го тоа со самодоверба, пишува во постот и потоа се наведени сите месеци од годината.

Целта е со што поголем број на коментари постот да стане подостапен до други корисници и што повеќе граѓани да ги остават своите лични податоци. Тоа се заклучува од наводните „прописи” кои се оставени во коментар под постот. Во нив се даваат инструкција да ја лајкнете страницата, да ја споделите објавата во групи, по што  „доколку имате среќа тимот ќе ви испрати приватна порака“.

Постот има 189 споделувања иако доаѓа од лажна фан-страница со злоупотребен бренд на Кам маркетите, којашто не е поврзана со официјалната фан-страница на овие маркети на Фејсбук. Официјалната страница на КАМ на Фејсбук може да се пронајде на следниот линк.

Фан-страницата, пак, од којашто се споделува наградната игра, нема податоци за КАМ, нема други објави за промоции, комуникација со корисници, нема голем број на следачи и интеракции, нема наведено адреса и телефонски броеви на маркетите, не се објавени вообичаените промоции со производи на попуст како што тоа се прави од официјалната страница на КАМ. Едноставно, станува збор за штури податоци кои се состојат само во еден пост за наградна игра. Корисниците на Фејсбук треба да бидат внимателни и да ги проверуваат страниците од кои се пласираат овие лажни наградни игри. Веднаш треба да се посомневаат во вистинитоста на објавите доколку тие страници се нови, доколку единствената содржина на нив е таканаречената наградна игра, ако немаат контакти и интеракции со корисниците, ако не се оставени адресите на маркетите и доколку страницата нема голем број на следбеници, станува збор за лажна страница и содржините пласирани од неа треба да се земаат со резерва.

Вистиномер повеќепати пишуваше дека различни брендови на етаблирани супермаркети од земјава и од странство како и компании производители на мебел, се злоупотребуваат за цели познати на креаторите на овие лажни наградни игри. Досега сите случаи кои што ги забележавме во нашите рецензии, се поврзани со постови каде се бара од корисниците на Фејсбук да остават коментар од еден збор, или пак, месецот на нивното раѓање, за да ја „добијат наградата”. За разлика од ваквите невистинити наградни игри, официјалните наградни игри имаат услови и правила за учество кои се наведени во посебни документи.

Во конкретниот случај, станува збор за трик со кој се наведуваат корисниците на Фејсбук да учествуваат во тоа постот да стане вирален (преку што поголем број на коментари и споделувања), за потоа најверојатно името на страницата да се промени и таа да се продаде на друг огласувач.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. КАМ маркети не доделуваат подароци ако го напишете вашиот месец на раѓање. Станува збор за лажна наградна игра во која се злоупотребени брендот и логото на маркетот.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција