Калѕо: Веста дека на собирот на „Самоопределување“ немало знаме на Косово е лажна
Во петок на плоштадот „Скендербег“ во Приштина се одржа собир на Движењето „Самоопределување“ (LVV) по повод 21 годишнина од ослободувањето на Косово и 15 годишнината од оформувањето на партијата.
На собирот имало илјадници национални знамиња, но објавено е дека немало косовски знамиња.
РТК ја објави веста: „Ниту едно косовско знаме на собирот на Самоопределување“.
Од друга страна, Адил Бехрамај, советник на Претседателот Хашим Тачи, на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека на собирот на „Самоопределување“ немало косовско знаме.
Тимот на Службата за Проверка на Факти во Косово „Калѕо“ (Kallxo.com) кој го следеше собирот на Движењето „Самоопределување“ објави дека имало косовски знамиња. Од Калѕо објавија слика на која може да се види косовското знаме и информацијата ја оценија како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар