Kallxo.com: Хоти го смени ставот за назначување национални координатори на Косово
Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, го смени ставот во однос на потребата за назначување на национални координатори од страна на владата, провери Сервисот за проверка на факти во Косово – Каllxo.com.
Имено, тој на 12 февруари 2019 година, изјави дека не е потребен кординатор и дека ова е само дополнително оптоварување на буџетот на Косово од тогашната власт предводена од АИК.
Во меѓувреме, Владата на Косово предводена од Хоти го назначи министерот за внатрешни работи, Агим Велиу, за национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот. A неколку минути подоцна, извршната власт излезе со објаснување дека за оваа задача Велиу нема да има ниту нов персонал, ниту ќе користи дополнителни средства.
Сепак, независно што за националниот координатор нема да бидат потрошени дополнителни средства од буџетот, Kallxo.com изјавата на Хоти ја оцени како недоследна.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар