Kallxo.com: Хоти само за три дена го смени ставот за преговорите со Србија

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти даде две контрадикторни изјави во врска со времетраењето на преговорите со Србија за меѓусебно признавање, известува сервисот за проверка на факти на Косово, Kallxo.com.

На прес-конференција во вторникот (06.10.2020), премиерот Хоти рече дека на Косово не му преостанува ништо друго освен да води дијалог со Србија сè додека не се постигне конечен договор за меѓусебно признавање, дури и ако овој процес трае 5 години.

Но, Хоти даде сосема поинаква изјава пред 3 дена во емисијата  „Oksigjen” на ТВ „Клан“ (03.10.2020), во која зборуваше за договорот потпишан во Вашингтон.

Оправдувајќи го „мораториумот за небарање членство во меѓународни организации“, Хоти рече ако не се постигне договор во овој период, тогаш двете земји продолжуваат како две соседни земји кои не се признаваат една со друга.

За време на овој период од 1 година, ајде да работиме, оставете ги двете страни да седнат заедно со посредство на Брисел и Вашингтон, за да одат кон конечниот договор. Ако во овој период, не успееме да го склучиме договорот за меѓусебно признавање, ние продолжуваме како независна држава и започнуваме да коегзистираме како две соседни земји кои не се признаваат една со друга. Тоа е тоа,  рече Хоти (03.10.2020)

Од прогласувањето на независноста на Косово на 17 февруари 2008 година, Косово и Србија спроведоа долг процес на преговори со посредство на Европската унија, а неодамна и на САД. Првично, процесот на дијалогот беше наречен технички, потоа за нормализирање на односите, за сега конечно да стане, дијалог за меѓусебно признавање.

Со овие аргументи, Kallxo.com ијзавата на Хоти ја оцени како недоследна.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција