Каllxo.com: Курти го исполни ветувањето за застапеноста на жените во неговата Влада

 

Новиот премиер на Косово, Албин Курти го исполни ветувањето за застапеноста на жените во неговиот владин кабинет. Тој во предизборната кампања вети дека 30% од министерствата ќе бидат предводени од жени.

Вчера (03.02.2020) Собранието на Косово ја изгласа новата Влада на Курти во која  од вкупно 15 министерства има 5 жени на министерски места.  Калзо ( (kallxo.com – кој работи на проверка на фактите и е производ од соработката меѓу БИРН Косово и Интерњуз Косово) го анализираше ова ветување и потврди дека бројката на министерки во новата Влада изразена во проценти е 33%, па со овие аргументи споменатото ветување на Албин Курти го оцени како исполнето.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција