Kallxo.com: Не е вистина дека сомнителни примероци за коронавирус од Косово се испратени во Тирана

 

По паниката што започна да се појавува во Косово во врска со коронавирусот, со оглед дека бројот на заболените во соседните земји е зголемен, порталот Индексонлajн се придружи на овој тренд и објави ифнормација дека некои сомнителни примероци се испратени за верификација во Тирана .

Сервисот за проверка на факти во Косово, Kallxo.com, ја провери оваа информација и дозна дека тврдењата во споменатата вест се неточни.

Имено, Косовскиот институт за јавно здравје ги демантираше вестите на Индексонлајн дека примероци  за случаи сомнителни на коронавирус се испратени во Албанија. Во изјава за Kallxo.com, портпаролката на Институтот, Ера Пирева рече дека Институтот не испратил никакви примероци до Албанија и дека денеска (11.03.2020) нема ниту еден примерок во Институтот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција