Kallxo.com:Советникот Рашиќ не даде оставка, иако се соочува со обвинение 

 

Ненад Рашиќ, советникот на актуелниот косовски премиер Албин Курти, се соочува со обвинение за злоупотреба при приватизација на четири хидроцентрали на Косово. Сервисот за проверка на факти во Косово – kallxo.com дозна дека минатата недела Специјалниото обвинителство на Косово поднесе обвинение против четворица поранешни министри на Владата на ХашимТачи, меѓу кои и Рашиќ, за злоупотреба при приватицијата на четири хидроцентрали за дистрибуција на КЕК (Косовска енергетска корпорација).
За време на предизборната кампања за изборите на 6 октомври 2019 година, во интервју за Kallxo.com, Рашиќ изјави дека нема да биде дел од Владата или парламентот доколку за него има обвинение, односно,  ако би биде дел од Владата, а за него има обвининие,  ќе си поднесе оставка.

Обвинението против Рашиќ  е поднесено на 10 април (2020), но досега, според проверката на Kallxo.com тој не поднел оставка. Со оглед на тоа што обвинението сè уште не е потврдено од Судот, а до одржување на првичното рочиште може да помине еден месец, останува да се види дали откако ќе се потврди обвинението Рашиќ ќе депонира оставка. Сепак, како што оцени kallxo.com,  Рашиќ  досега не го исполни своето ветување дека ќе поднесе оставка ако за него биде покренато  обвинение.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција